Ефто Пупиновски се налути: Не треба да поминат 20 години за да разберете дека правам за ваше задоволство… (ФОТО)

0

Во 2014 година, со го­лем кон­церт во Уни­вер­зал­на­та са­ла Пу­пи­нов­ски ги од­бе­ле­жа чети­ри­те де­це­нии на сце­на­та и плод­на­та ка­ри­е­ра. Тој е еден од ре­тки­те на­ши фолк пе­јачи што мо­жат да се по­фа­лат де­ка го на­пра­ви­ле тоа во пос­лед­ни­те го­ди­ни.

Ефто постојано ја изненадува публиката со нови песни. Новинарката Билјана Крнческа во Свет Австралија за новите песни на Eфто, на крајот на минатата година напиша:

– Она што кај Ефто се уште импресионира е неговата љубов кон музиката. Тој и после толку години естрадна кариера зборува за музика, а не за заработката од неа. Зборува за правдина и статус на својата фела, а не за малв -ерзации и трикови.

Ефто и после пола век естрадна кариера твори со нескриена жар и пее грлено со нескриена страст.

Последните две песни кои ги објави се доказ на погоре изнесените констатации.
Првата песна која е своевидна рапсодија се вика “Свадбен танц” и е нешто ретко убаво што досега сме чуле.

Нејзината раскошна музичка линија е како создадена за да се одигра најубавиот танц во животот на сите вљубени парови. Тоа е наменска песна за свадбени свечености и песна која возвишено ја слави љубовта.

Музиката и аранжманот се дело на Ефто, а за текстот се погрижила новинарката Татјана Петровска која навистина срочила многу убав текст кој наменски ја одредува употребата на оваа песна и истовремено ја прави симболична, силна и љубовно заветна.

Другата песна има сосема поинаков ритам и стил иако авторите се исти. Песната се вика “Ти ме веселиш” и има заразен ритам кој не ви дозволува да мирувате додека ја слушате.

Ефто и во овој стил одлично гласовно владее со комплетната атмосфера, а неговиот темперамент и овој пат ја надградува мелодијата во која употребен е саксофон и кларинет кои ги отсвирил Владо Пупиновски.“, пишува новинарката.

Ефто е горд татко на три сина, а деновиве е особено весело во неговото семејство, поради тоа што Ефто за првпат стана дедо, на малата Анстасија. Истата авторка од „Свет Австралија“ објави:

Од она што на блиц го дознавме од фолкерот е дека неговата снаа Маја во договор со сопругот Никола одлучила да се породи во Гинеколошко акушерската болница – Чаир во Скопје и дека породувањето било по природен пат без било какви компли -кации.

Малото бебе тежело околу 3 килограми и заедно со мајката за неколку дена биле пуштени дома. Радосната вест фолкерот и сопругата Славка на традиционален начин ја разгласиле со мекици кои во чест на новороденчето, овој пат ради околностите ги доставиле до домовите на роднините, кумовите и пријателите…

„Јас сум домаќин човек, со сопругата спремивме сè што беше потребно за бебето уште пред да пристигне, вклучувајќи и паричен износ кој беше наменет за породувањето. Драго ми е што синот и снаата не се снобови и што одлучија тој чин да го доверат на професионалци во државна болница.

Мислам дека трендот што го наметнуваат познатите и имотни луѓе за породување во скапи приватни болници е само одлика на снобизам и дека нема реална оправданост особено во ова кризно време”- порача Ефто…

Понатаму, во текстот новинракта пишува дека Ефто е познат како голем работник и човек кој покрај музиката напоредно се занимавал и со приватен бизнис, а во слободното време често се посветува и на обработката на дрво која му е пасија.

– Точно, обработката на дрво е уметност и секогаш уживам кога ќе создадам некој предмет.

За да е куриозитетот поголем ќе ви откријам дека креветчето за мојата внука Анастасија го изработив сам како уникатен предмет кој верувам дека во нејзиниот живот ќе има пред се емотивна вредност”, изјавил легендарниот пејач пред неколку месеци.

Ефто на својот Фејсбук профил упати по малку лута порака во која вели дека не треба да поминат 20 години за да сфати народот дека тој прави добри песни. Тој ја сподели песната „Ти ме веселиш“ и порача:

НОВО! НОВО! НОВО! Музика и аранжман: Ефто Пупиноски Текст: Татјана Петровска Саксофон и кларинет: Владо Пупиноски Снимено во студио „Подрумот“

-Почитувани, Не треба да поминат 20 години за да разберете дека за ваше задоволство Ви правам ДОБРИ песни. Уживајте. Ваш, Ефто Пупиноски.

Претходна статијаНовинарот Огнен Јанески упати порака на важна личност: Не сакам пак да те шминкам (ФОТО)
Следна статијаКаква тајна крие Сања од Слаткар? (ФОТО)