Новинарот Огнен Јанески упати порака на важна личност: Не сакам пак да те шминкам (ФОТО)

0

Познатиот новинар Огнен Јанески, многу често на социјалните мрежи објавува статуси кои го привлекуваат вниманието на неговите пријатели и фанови и се споделувани.

Огнен Јанески неодамна на својот профил на социјалните мрежи, објави какво изненадување му приредила неговата сестра за 34 – тиот роденден минатиот месец:

„За овој 34 роденден, сестра ми, Jana Janeska Risteski ми го создала најпрекрасниот и најкреативниот подарок, кога било во животот.

Рачно направила сè, го правела повеќе од месец, а собирала материјали два-три месеци. Отсекогаш била најкреативна во животот.

Како археолог и историчарка на уметност, копала низ историјата моја, без јас да сетам нешто. МНОГУ УСПЕШНО! Премногу.

Ќе земам, бизнис ќе и’ отворам, кој сака да си порача, да си порача. Мислам дека ќе биде доходовно! Хаха фала сестро. Особено што веќе два родендена со ред сме во пандемија, а журка не можам да направам и еве, си ги собрала сите.

Има дел кои ќе пристигнат подоцна на забавата, но, тргнати се. На македонски не знам како ќе ги наречеме, ама на англиски се вика #booknook ова.

Башка, годинава особено сум среќен што токму датумот на Меѓународниот ден на мајката се падна денеска, на 9 мај, па еве и мајката Gordana Babic Janeska да одбележи денеска плус.

34години, роденден со семејството (покрај спомнатите плус Goran Risteski, Gorjan Risteski, Каја и Блага), а јас oldie, but goldie.“

Вујко на Огнен е познатиот актер Марин Бабиќ, а тој во моментов е на турнеја низ Македонија со потеско-музичкито настан „Да водиме љубов, а не во-јна“. За овој концерт од кој беше дел и Огнен, напиша strumicanet.com

Познатиот актер Марин Бабиќ во Амфитеатарот во Струмица, како дел од Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, одржа несекојдневен настан. Со својата интерпретација на поезија ги воодушеви струмичани, потсетувајќи на романтични времиња кои денеска ретко може да се доживеат.

Два часа исполнети со љубов, музика, поезија, настан насловен „Да водиме љубов, а не војна“, преку кој се испраќаа пораки на љубов и мир како универзални вредности, насушно потребни денес.

Покрај Марин Бабиќ и неговиот долгогодишен пријател на клавијатури, Љупчо Шилоски – Шилото, настап преку изведба на познати композиции имаа и младата прилепчанка, Александра Трајческа, како и познатиот гевгеличанец, Игор Узунов.

Триото „Bebuli“ составено од Андријана Дукоска на виолончело, Светлана Богданоска Ристоски на флејта и Љупчо Трајаноски на виола се веќе подолго време придружба на Бабиќ во ова негово второ патување низ поемите и песните.

Познатиот водител и новинар на ТВ24, Огнен Јанески беше модератор на настанот, но и пееше руски песни, а премиерно ја изведе и „Леле да бев богат” од „Виолинист на покривот”“, стои во извештајот.

Но, Огнен сподели и видеа во кое ја пее познатата руска песна „Катјуша“ и друго како ја пее насловната песна од “Виолинистот на покривот“ на својот Фејсбук профил и напиша:

-Немам јас од синоќа профи фотки, но, затоа си имам видевца, кратки, но, слатки ептен! Па еве, само парченца да споделам.

Подолгото видео е со сплет од руски песни, а додека пак пократко е скроз прва изведба за мене на ,,If I were a rich man” од ,,Виолинист на покривот. И едно селфи, се разбира.

Се гледаме вечерва во Валандово. Ве чекаме од 20, а вратите на кино-салата во 19:45 часот веќе ќе бидат отворени. Утревечер, пак, во Гевгелија.Благодарност со Зорица и Пере за видеата“, објави Огнен.

Огнен претходно објави фотографии кои изненадија многумина. Имено, малкумина знаеја дека токму големиот актер, Марин Бабиќ му е вујко на новинарот.

Тој ѝ честиташе роденден на сојата колешка, новинарката Душица Мрѓа на Фејсбук со овие зборови:

Душице, моја ,,најстара” според времетраење колегинице! Никогаш нема да го заборавам денот кога се запознавме. Уште тогаш знаев дека ќе имаме бурно другарство и соработување!

Да си ми жива и здрава и да останеш таква – каква што си, сите да сакаат да работат со тебе, а притоа да избегнуваат да станат функционери, оти ќе мора да седнат в студио на анализа со тебе.
Многу ми те сакам!

Среќен роденден! P.S. Замолувам да не се згоди потреба јас да те шминкам повторно.

Претходна статијаСамо на неа ѝ успеа со македонски јазик да стане позната во Бугарија (ФОТО)
Следна статијаЕфто Пупиновски се налути: Не треба да поминат 20 години за да разберете дека правам за ваше задоволство… (ФОТО)