Драгана која работела на брод раскажа како си поминала и како е сега

0

Навикната бев на авантуристичко темпо на живот цело време, па сега често се случува да ми дојде потреба да патувам. Имам 34 години и последниве 7-8 години работев на брод.

После неколкуте обиди да работам на разни места, на крај некако се осмелив да заминам од дома. Се случи многу брзо и неочекувано. Имав двајца пријатели, веќе искусни во таа работа кои ме убедија да заминам.

Знаете како е, едно притисокот од дома да не одам зашто било демек ризично, друго самата помисла да се осмелам на таков чекор.

Едноставно не знаев како ќе го издржам патувањето на море, и тој секој ден, цело време. По природа не бев авантурист, ако не бев сигурна во нешто не се ни обидував да го направам. Но, тогаш се случи, имав поддршка, си велев дека не сум сама и ајде заминав. Планот беше прво на неколку месеци, колку да ја опипам работата.

Воопшто не беше лесно, многу поминати патешествија, многу непроспиени ноќи од плачење по дома, но што е тука е. Не можев да се вратам назад и си велев дека морам да издржам. Работата не беше лесна иако веќе ја навикнав, главно работев како собарка, но кога имаше потреба и друго.

Кога успеав да ги надминам предизвиците, најмногу таа ме влечеше да се враќам повторно на море. Си заштедив доста голема сума. Сепак сама сум, им праќам само на моите, а и дури сум на работа нема некои трошоци.

Ги користев само за прошетки во градовите. Сепак не е секој за таа работа. Видов доста луѓе кои не можеа да издржат од разни причини и мораа да се вратат дома.

Кога само ќе ми текне, какви бури имало, ветришта, се плашам и да помислам..во тој момент сакаш да се смириш и да ги смириш гостите, но сам си ја чувствуваш паниката во себе. За среќа ништо сериозно не се случило на ниедно патување. Успеав да се задржам долг период се’ дури не искрсна проблемот со корона вирусот.

Дури да се вратиме исто поминавме многу патешествија. Оттогаш не смеев да ризикувам и да се вратам пак на работа. Мислам дека донесов правилна одлука.

Доста ми беше од отвореното море, сакав малку да го почувствувам домот и топлината од семејството. Таму бев опкружена со многу луѓе, но никако не може да се замени со семејството.

Сега откако сум дома мислам дека најкорисно го поминувам времето. Порано ќе одев на работа, ќе излезев со друштво и како помлада толку не го ценев времето поминато со семејството.

Ама сега се’ ми е поразлично. Искуството и годините си го прават своето, моментот во кој помислував дека веќе нема да ги видам моите најмногу придонесе за тоа.

Можам да се опуштам затоа што имам пари настрана, се’ уште на барам работа, но и тоа ќе биде. Дури моите се излезени на работа јас гледам да ги завршам сите обврски низ дома и да направам ручек за да не се мачат.

Се чувствувам многу задоволно и што е најважно, одморено. Забрзаниот начин на живот, целодневните обврски и деновите поминати на море ми се смачија.

Многу добро ми дојде ситуацијава која ме врати дома. Сега почнав да правам работи со моите што порано не ги правевме. Се шетаме, планинариме, одиме во викендицата ептен сме зближени и се чувствувам како нивно десетгодишно дете.

Често се гледаме и со сестра ми и внуците, за нив се’ би дала. Успеав да се вратам пак во нормала, си најдов и дечко за сериозно во изминатиот период.

Сфатив дека не е се’ во парите, туку во луѓето кои ги имаш околу себе. Повторно си го споивме поранешното друштво, се гледам и со пријателите секоја недела.

Можеби некогаш пак би заминала, сепак имам големо искуство во работење во странство, знам да се снајдам, но се’ ќе зависи од ситуацијата.

Најлесно е да се спакуваш и заминеш, но треба и корисно да го минуваш времето. На крај, за оној што сака да работи, работа може секаде лесно да се најде.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаНашиот познат музичар се огласи лут: Не можам да доловам како се чувствувам освен да почнам да пцујам
Следна статијаКој е д-р Никола Пановски приватно и која му е најголема пасија