Џамбазов ја бараше, не можеше да ја најде и на крај се вмеша и Владо Јаневски

0

Игор Џамбазов, кој сака да патува низ Македонија, пред извесно време се јави од струмичкото село Петралинци и тоа од дворот на неговиот добар пријател и ја раскажа приказната за Перо Петело, пашата од Петралинци.

„Добар ден, се наоѓаме во дворот на куќата на Банде и на Сузе во село Петралинци. Тоа е Перо петелот и има шест невести. Јас сум една не можам да прекарам“, рече Џамбазов.

Игор Џамбззов е секогаш горд на својата мајка, актерката Анче Џамбазџова, но и на татко му, маестро Александар Џамбазов.

Игор во едно интервју изјави што научил од мајка му и од дедо му, легендарниот актер Петре Прличко: Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лу дило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе.

А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак.

Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во еднo“, рече Џамбазов за „Фактор“.

Џамбазов во една прилика сподели уметничка фотографија од Петре Прличко на Инстаграм и напиша: Дедо ми 5-ре низ очите на легендарниот Димитар Кондовски…масло на платно.

Актерот има повеќе од 93 илјади следачи на Инстаграм, и неговите видеа кои во последно време се најчесто од Дојран ги орасположуваат неговите следбеници во ова тешко време.

Од неодамна, Игор е активен и на социјалната мрежа ТикТок, како и сите светски и балкански ѕвезди, и за кратко време веќе го следат 14 ипол, илјади луѓе. Во новото видео тој упатува благодарница и во неа вели:

– Едно големо, најголемо благодарам до сите доктори, медицински сестри и брача, полицаjци, војници, касиерки, продавачки, шофери, таксисти.

Благодарам, од името на Македонија, за се што правите за нас“, рече актерот и ја испеа песната од една позната реклама која почнува и вели:

Мерси е моето благодарам, мерси за тоа што си ти.“ Џамбазов сподели црно-бела слика со своите драги колеги и носталгично напиша:

Со колегите Александар Чамински и Раде Рогожаров, некаде во минатиот век, пијани од слобода, љубов кон театарот…и пиво. Тој изминативе денови ги поминуваше во Охрид со Илина која таму има свој хостел, а на едно од сторињата вели: Дојран дојде во Охрид.

Потоа се јави од селото Вишни, струшко. На новата слика која ја објави на Инстаграм се гледа дека тој е видно подмладен и многу среќен.

Актерот ја избричил брадата и ја скратил косата и сега изгледа како во времеето на помладите денови. Она што освен животот на село и љубовта на неговата Илина го прави среќен е и готвењето, поточно тегнењето тесто.

Игор објави слика како тегне тесто со Илина и со нивна пријателка и напиша на свој начин: Домаќинката @zanetaneska и @ilina_arsova тегнат тесто за “тегнато”. Јас го тегнам чаршафот.

Игор Џамбазов по месеците кои ги помина во Дојран, па во Охрид, но и на македонските планини и села, сега се враќа во Скопје, а за тоа има убав повод.

Имено, Игор со својот другар Гуру Харе свиеа на покривот на Скопје Сити Мол, на настанот Скопје Анплагд. По Скопје, тој со Илија ја шета Македонија.

Игор со Илна замина на планинарење , и тоа на Попова Шапка и со видео се јави од врвот на планината, и порача:

-Дечки, се наоѓам на местото каде што попот своевреме но ја загубил шапката. И, еве, не можеме да ја најдеме, Поповата шапка“, вели Игор.

Потоа, пријателот до него му објаснува: Ова долу е Караниколичко езеро. Ова е Јелак“. А Игор на тоа одговара: А, јас сум Владо Јаневски.

Претходна статијаПознатиот балкански пејач прозборе за загубата на најмилите и што го спасило во тие моменти
Следна статијаДрагица Стевковска Дракче се огласи од Острог со потресен статус: Солзи и молитви до небо (ФОТО)