Драгица Стевковска Дракче се огласи од Острог со потресен статус: Солзи и молитви до небо (ФОТО)

0

Драгица Стевковска – Дракче е познат лик од ТВ екраните, најмногу препознатлива по нејзината некогашна авторска емисија, “Патот на светлината”.

Неуморен, ведар дух, секогаш со разбирање за проблемите на гледачите, на кои секогаш се обидува да им помогне.

Познати се исто така и нејзините карвани, патувањата кои таа своевремено ги организираше за своите пријатели и гледачи, патувања на кои се посетуваа манастири, имаше многу дружење и позитивна енергија.

Но, малкумина знаат дека Драгица во својот живот има поминато низ гол гота, борба со ка нцер на матка, кој го имал зафатено и нејзиното дебело црево и бешика! Но со многу верба во Бог, Дракче излезе посилна.

Во минатото, Дракче во статуси на својот профил на социјалните мрежи, ги искажуваше најдлабоките емоции, веројатно поттикната од нанесена неправда, од свои блиски луѓе:

„Исповед… Никогаш и со ништо не се жалев..Работев чесно вредно и без никакви грешки. Чесно и достоинствено го одев мојот пат и во бракот и семејството и опкружувањето..

Ниту со збор нити со дело не повредив никого а повреди добивав кои и нема хартија на која можам да ги напишам. Какво е ова човештво? Има ли луге на земјава?

Функционери. .Политичари.. Наречени менаџери.. Еј имате ли деца. Во телото срце имате ли семејства сте помислиле ли дека за вашите нечовечности ке страда некој невин..

Како може да живеете со бедни лица а богати конта во банки додека пред вас доагаат луге во искушенија страдања болки и бараат чесен живот.

Никогаш не колнев зошто е грев.. Зошто сум набожна жена зошто имам срце. Порака до вас. Верувајте залчето леб еден ден ке ви остане во грло. Бездушност на секаде.. Безличност…

Јас, најпозитивната личност во срцето носам болка за секој кој е борец…. И помислете јас дракче илјадапати посакав Бог да ми ја земе душата и не сакам нити г ро бот да ми се знае. Разочарана од нечовечкото во тие што треба да се човечни и хумани. Господи гледај.

Денес ке бидам уште погласно и јасна. Вие сегашни фарисеи сте помислиле ли дека овоземниот живот е минливост кај некого подолг кај некого пократок. Но тој другиот живот во кој ке патуваат душите е бесконечност…

Е таму драги мои, не можете да си купите ниту плац ниту палата таму бог ке ве смести според земното живеење и дарување…

На вагата од Свети Петар нема да ви стојат фотељите ниту пак функциите туку ке стојат душите.. Што мислите ако сиромашните немаат пари и имот тие немаат душа..

Имаат и тоа со мирис на јасмин….А вашите исфрустрирани и алчни ке мирисаат на гнилеж…“

Викендов Драгица Стевковска Дракче објави слики од еден од најголемите православни светилници на Светот, манастирот Св. Василиј во Острог. Фотографиите беа придружени со потресен статус, на кој никој не остана рамнодушен:

„Таму во далечините, таму кај што ноќна светулка фенер пали.. таму кај што дивото нане и лавандата во опоен мирис ја ставаат нокта..

Таму кај што камбаните удираат силно, се слева река од луге барајки мир, здравје и срека.. Помешани чуства со солзи и молитви до небо..

СЛУШНИ ГИ СВЕТИЛНИКУ НА ВЕРАТА ..СЛУШНИ ГИ СВЕТИ ВАСИЛИЕ МАЧНИТЕ ДУШИ И УСЛИШАЈ ГИ МОЛИТВИТЕ ИСЧИСТИ ГИ РА НИТЕ ОД СРЦЕТО НА СЕКОЈ КОЈ СЕ ПОКЛОНИ И ПОБАРА ПОКАЈАНИЕ ЗА СВОИТЕ ГРЕШКИ… Со тебе сме во век и векови Амин.“

Претходна статијаЏамбазов ја бараше, не можеше да ја најде и на крај се вмеша и Владо Јаневски
Следна статијаКој е босанецот Махир, годинешниот победник на Sвезде Гранда