Д-р Милан Ристески, сопругот на Ребека: Случајно ја згазнав, па ми раскинуваше сто пати, многу бев тажен

0

Д-р Милан Ристески кој ѝ е сопруг на пејачката Ребека Јанковска- Ристески беше гостин во емисијата Опуштено кај Тони Михајловски. Милан зборуваше како се снашле со онлајн наставата со трите сина.

-Конечно завршува школската година, неподносливо значи беше, овој модел дај Боже никогаш више да не се повтори“, рече Милан а Тони го праша: Кои финти од онлајн наставата ги научи?

-Нема финти. Они ако не ги прозиваш едноставно се губат. Заспиваат, се губат, тешко е да ги одржиш во концентрација. Во школо сосема поинаку функционираат.

Да го нема покритието од родителот, треба навистина да внимава, не да ми се гали по дома. Тешко беше стварно, и едвај чекав ова да заврши, рече Милан кој е инаку тако на Маркијан (14) и близнаците Макариј и Доротеј кои имаат по 7 години.

Тој рече дека како д-р специјалист онколог веќе има 11 годишен стаж, а вработен е од 2002, речиси 20 години. „Обично ги закажувам малку покасно пациентите, бидејќи додека се децава онлајн, јас морам да го чувам Маркијан.

Бидејќи додека се они на компјутер, малце е тензично, башка и песот тука се умешува и комшиите за малце што не дошле.

Така да, се облакаме, шетаме додека се овие онлајн, во 12 додека напишат домашна веќе се враќаме, а во 12 ми почнува работно време.

Со жена ми ги поделивме работите. Она близнаците, јас Маркијан и песот“, рече Ристески и раскажа дека кога нивниот миленик се изгубил го барале до 3 наутро заедно со соседите.

Потоа им се јавил чуварот од познат клуб во 6 наутро, кој го нашол во нивниот локал. Тони заклучи дека тоа што му помагале комшиите значи дека во Скопје се уште по старски се живее.

Потоа Милан најави дека подготвува ТВ емисија, а мотив му е кризата со вирусот. „Сите луѓе, особено над 40 години се здебелени“, рече тој и изјави дека нашиот народ не мери притисок, холестерол и шеќер иако телото ни дава сигнали, а луѓето кои се обидуваат самите да најдат дијагноза најчесто грешат.

– Добро, колку кила беше импактот на оваа кор-она кај тебе?“, го праша Тони, а Милан одговори: 12. Потоа како совет за сите луѓе што побрзо да излезат од оваа криза тој рече:

Што побро да се едуцираат, да видат од рекреативните спортови што најмногу им одговара. Не се сите колена способни за трчање, не се сите петици погодни за трчање“.

Што повеќе рекретивни спортови, тоа подобро.“, рече Милан и најави дека од есен ќе започне со емисијата. Потоа рече дека и единствено својот ѕид на Фејсбук го користи за политички ставови.

Потоа зборуваше како ја запознал Ребека. „Јас да не ја нагазев случајно немаше да знам дека таа постои. Пред да ја запознам жена ми знаеш колку ме интересираше македонска музичка сценна? Како тебе што те интересира трета кинеска лига.

Ај врати се во наше време кога беше гужва по кафиќи, и кога можевме со змијулики движења да се пробиеме на саканото место. Се очешуваш со три, на четвртата веќе имаш ере -кци ја, петта ја прашуваш: Do you feel me?

Јас во таква гужва, мојата сегашна сакана сопруга случајно ја згазнав, и така почнавме. Сега глеј, жена ми многу ми раскинуеше.

Еднаш ми раскина девет месеци, па еднаш шест месеци, па три пути по два месеци, па пет пути по месец, па десет пути по 15 дена. Ти текнува ли колку бев тужен?“, рече Милан.

Тони тогаш рече: На Ребека писма ѝ пишувавме, аман смири му се! Го праша Милан дали му пречи тоа што Ребека е убава и сите мажи ја гледаат, а Милан рече:

-Убавите работи треба да се почитуваат, луѓето во основа сакаат убави работи. Дали е убава жена, убава куќа, убава кола. Секој сака да гледа убави работи, никој не сака да гледа грди работи“.

Д-р Ристески изјави и дека овој народ е многу поделен, а тој не гледа некој што може да го помири, а тоа е неопходно.

Претходна статија(ВИДЕО) Докторот ме однесе кај бебињата и ми рече: ,,Избери си кое сакаш да биде твое”
Следна статијаМаја Оџаклиевска го рекламира македонскиот туризам: Дојдете во Демир Капија