Маја Оџаклиевска го рекламира македонскиот туризам: Дојдете во Демир Капија

0

Андреа Оџаклиевска, наследничката на Маја Оџаклиевска, стана вистинска волшебна бринета, која може да им парира на познатите убавици, објави српскиот портал „Ало“.

Андреа, која честопати ја следеше нејзината мајка во нејзините телевизиски настапи, веднаш ги собра комплиментите на телевизиските гледачи поради тоа што изгледа одлично.

Ова може да се види и на нејзиниот Инстаграм профил. Студентката по туризам често споделува свои фотографии со нејзината мајка. И на нив најдобро се гледа дека таа наследила многу од нејзината мајка, меѓу другото, широката насмевка што ја краси познатата поп-пејачка со децении.

Кога ќе ја погледнете, нејзината насмевка може да ви каже која е нејзината мајка. Но, штом ќе го слушнете нејзиното презиме, работите ќе ви станат совршено јасни.

Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив.

Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини. Не велам дека тие не ми помагаа, но најголемиот дел од товарот падна на мојот грб, и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца.

Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да сторите сè како што треба – рече Маја пред неколку години за „Блиц“. Покрај својата ќерка Андреа, Маја има и ќерка Теа, која ѝ го подари внукот Лука пред девет години.

– Лука е аутистичен, тој сè уште не зборува и јас сум целосно посветенa на него. Не велам дека се запоставив, но не сум во првите редови во ваква ситуација.

Тој стана сосема друго дете. Неговата мила душа е очигледно многу измачена. На секој од нас му пречи нештo. Тоа е многу индивидуална работа и секое дете со аутизам е свет за себе, секој има свој проблем – им рече еднаш пејачката на медиумите.

Кога решила да престане со пеење, Маја го продолжила животот со пензија од 33.000 динари месечно, (280 евра) бидејќи, како што вели, „повеќе би сакала да живее од тие пари, отколку да се вознемирува десет пати повеќе со чувство на пониженост.”

– Не можам да му дадам многу на мојот внук со мојата мала пензија, но тој е разумен. Кога ќе му речам: „Баба не може да го стори тоа, немаме пари“, тој се ќе намурти, но молчи.

Тој не е луто дете кое сака да го истера своето по секоја цена – искрена е Маја, која зборува целосно отворено на оваа тема.

Во една прилика, таа истакна дека не размислува за љубов и откри дека била во брак дури 12 пати.

– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојдеше тој момент кога мажот ќе почнеше да ми кажува: Ова или она не ми се допаѓа, јас ќе ги ставев сите негови работи во вреќи за ѓубре и ќе му речев:

„Работите се пред тебе“. Здраво, збогум и нов брак.“ – рече како гостинка во една емисија.

Маја долги години не е во добри односи со ќерката Теа. Маја сама се грижи за својот внук, со помош на неговиот татко. „Теа си замина. Јас самата се грижам за внукот. Не можам многу да зборувам за тоа“, рече во едно интервју Оџаклиевска.

Според сликите кои Теа ги објавува на Инстагтрам, се гледа дека и таа е многу убава и атрактивна жена, но различна од својата сестра, Андреа. На Инстаграм профилот на Теа има некои постари слики од синот, има од сестра ѝ, но нема ниту една со мајка ѝ Маја.

Пејачката Маја Оџаклиевска ја омажи својата помлада ќерка Андреа… Таа се омажи за Милош Живковиќ, кој е брат на познатата манекенка Дејана Живковиќ.

Младенците за време на венчавката биле многу среќни и не ги тргале насмевките од своите лица. Но, тоа е не единствената убава вест која Андреа ја сподели со јавноста. Имено, таа е бремена, па го покажа и стомачето, што значи дека Маја ќе стане баба по втор пат.

Дејана Живковиќ, сестрата на младоженецот на Инстаграм сподели дел од атмосферата од венчавката на својот брат и снаа.

Во една прилика, кога Андреа објави слика со својот сакан, таа напиша: Ќе чекориме без причина, ќе се радуваме без причина, ќе се смееме без причина, со една едиствена причина, што сме живи и што се сакаме. А каде од тоа поголема причина?“, е цитатот кој го сподели Андреа.

Маја Оџаклиевска сподели статус во кој го рекламкра туризомот во Македонија, земјата од која потекнува.

Место на кое ќе се релаксирате, ќе уживате во виното, во свежиот воздух, во извонредната храна, амбиентот достоен за човек со вкус за совршено, е токму Кралската винарија во Демир Капија. Многу поволно за поединци и за семејства“, напиша Маја.

Претходна статијаД-р Милан Ристески, сопругот на Ребека: Случајно ја згазнав, па ми раскинуваше сто пати, многу бев тажен
Следна статијаЌерката на Гоце Арнаудов, низ солзи раскажа за татко си и за Пандев: Тој и Гоче имаа посебна врска