Андријана Јаневска ја покажа сестра си со посeбен повод, двете се како светски топ модели (ФОТО)

0

Андријана Јаневска е успешен музичар и семејна жена, сопруга на Драган Гиновски- Гино и мајка на два сина кои се викаат Димитар и Кристијан.

Во емисијата „Јади бурек“ кај Јанко Илковски неодамна, прозборе за своето семејство и потешкиот пат по кој станала успешен музичар.

– Три деца сме, со дисциплина сме растени и воспитувани. Многу се гордеам со мојот брат и мојата сестра. Брат ми се вика Роберт, инаку е доктор на науки по молекуларна биологија, генетичар, во Англија докторираше.

Сега овде си има своја фирма за генетски испитувања, инаку долги години работеше како вештак во МВР и навистина сум од мали нозе си науката. Бидејќи бевме во иста соба, од бебе читаше, од диносауруси, до ѕвезди…

Додека пак сестра ми Николина којашто е помала од мене е оперска пејачка, вработена е во Македонската опера и балет, мецосопран, така што мислам дека сите на некој начин си го најдовме својот пат“, рече Андријана.

Потоа додаде дека сестра ѝ живее во Милано, а во Скопје доаѓа секогаш кога има претстави.

– Моите родители беа чесни работници, беа велам затоа што мајка ми почина за жал пред две години, ненадејно. Инаку тоа е мојот најголем успех, и нивен најголем успех, што успејаа во такви тешки времиња, бидејќи 95-96 останаа и двајцата без работа, како и пола Македонија нели, во тој период. Сепак успејаа три деца да изгледаат, да ишколуваат.

Никогаш во живот не се случило да се јават мајка ми или татко ми на некој мој наставник или на брат ми или сестра ми за некои врски. Никогаш, никогаш… Тоа е она што ме прави горда, и гледам да го следам тој нивен чекор во воспитувањето и на моите деца.

Затоа што, многу е важно да го имате тоа искусено во животот, како е така да се живее. Сега кога си размислувам, ние како деца не сме го гледале тоа така. На пример еве, не сме имале посебна соба, еве прост пример ќе земам.

Јас сега имам услови за моите две деца да имаат посебни соби, меѓутоа намерно не сакам да спијат во посебни соби, затоа што нема да го имаат тоа што сме го имале јас, брат ми и сестра ми, како заедница, пред спиење, си раскажуваш, си зборуваш, таа блискост се уште трае.

Јас нема викенд да не одам кај брат ми, кај татко ми, сестра ми сега во Милано живее“, раскажа познатата музичарка во интервјуто.

Таа денес објави слика од својата сестра Николина, на која се гледа дека е вистинска убавица. Двете сестри многу си личат и на сликите изгледаат топ, како два светски модели.

-Среќен роденден на мојата сестра Николина. И’ посакувам здравје, спокој и уште многу светски оперски премиери!“, напиша Андријана.

Претходна статијаРеклама за Охрид на Фејс – дојдете и поминете си без пари (ФОТО)
Следна статијаЕлена Велевска доби необичен коментар од обожавател: Уффф, како си добра за…