Реклама за Охрид на Фејс – дојдете и поминете си без пари (ФОТО)

0

Со демонтирање на платформата во езерото пред плажата „Куба либре“ почна ури вањето на нелегалните објекти долж Охридското крајбрежје.

Ова следи откако локалната власт најави дека ќе бидат остранети сите објекти од плажите на кои им истекле концесиите.. Уште пред една недела се почна со поставување на механизацијата, а потоа сите објекти беа и исклучени од системот со електрична енергија.

-Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште, со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото, се наведува во соопштението од Општина Охрид. Од друга страна пак концесионерите со низа забелешки за целата постапка:

„Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од Општина и држава. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме.

Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми.“ истакна Маријан Маловчев, менаџер на плажата.

Како што почнува сезоната на годишни одмори, повеќето од граѓаните ќе одат некаде на море, но има и такви кои се за домашен езерски туризам. Во Фејсбук групата Патувања низ Македонија мк, се појави објава во која модераторот раскажува дека во Охрид може убаво и ефитно да си поминеме..

– Како да уживате и се опуштите максимално за ситни пари (што би рекле за ич пари) во Охрид. Охридско ѓеврече и чашка јогурт на кеј или на било кое друго место покрај езеро. За 40 денари имате доручек со поглед од милион долари.

Гратис ги имате и прекрасните лебеди и галеби кои дополнително ќе го збогатат вашиот поглед; Баклава и чај во стара чаршија. За 50 денари ќе го почувствувате духот и уживате во старата Охридска чаршија;

Кафе од кафемат и шишенце вода ќе ве чинат 25 денари. Понесете ги со себе и заземете некоја добра положба покрај езеро наутро или навечер. Гратис ги имате несекојдневните и преубави изгрејсонца и зајдисонца во Охрид;

За 0 денари можете да поминете неколку саати шетајќи по стариот дел на Охрид. Доколку сте љубители на фотографирање навистина ќе се “изгубите” и ќе заборавите на времето, уживање до бескрај;

Шишенце вода и кроасан ќе ве чинат 50 денари. Земете и упатете се кон Галичица, ќе уживате во преубавиот поглед кон Охрид и Охридското езеро;

Стотина денари ќе ве чини автобускиот билет до Свети Наум. За таму веќе знаете што да очекувате. Рај!

Доколку сакате да ги посетите и останатите населени места автобуси има редовно. До Рача, Свети Стефан билетот е 30 денари. До Пештани 50 денари…;

Седењето и одмор во убавите паркови е скроз бесплатно; Да, има и “диви” плажи каде што нема потреба да плаќате лежалка, постелете пешкир и сончајте се;

Муабетот е дека може да се помине скроз одличен и исполнет одмор во Охрид без да потрошите многу пари. Само потребно е да се знае што се сака и добра организација.

На тоа следеа многу коментари, повеќето позитивни, но и еден поианков:

-Одморов за пензионери, значи моите се 6 месеци во Охрид, па и за нив е ова премногу одмор….требаше лани да имам гости од странство, немаше место веќе од турите на ТУИ и кога им израчунав авионски транспорт и смештај, се откажаа од доаѓање….

А тоа дека во Грччка нема кај да шеташ и што да сликаш ви е глупост невидена, па не одат сите на краците и во Паралија, тргнете по островите, одете на еднодневни крстарења, историски места, и ај Грчка била скапа, во Албанија лани 100 ден гиро беше, 300 ден. голема пица, плажи средени, лежалки од 5 до 10 евра со кафе и вода…

Да не правиме моабет за други дестинации…..Охрид е убав да, ама не се инвестира кај што треба, само згради никнуваат, ни се има случено езерото да е толку прљаво да ја затворат плажата во Даљан, дојдете да сликате да видите која убавина е тоа….заработка без никаква инвестиција, ама природна убавина, епа треба да се негува, не да се уни -штува, а цени до плафон….

Фото: Фејсбук принтскрин/ Патувања низ Македонија МК

Претходна статијаМики Црнокрак нуди работа со добра заработувачка, на море (ФОТО)
Следна статијаАндријана Јаневска ја покажа сестра си со посeбен повод, двете се како светски топ модели (ФОТО)