Милена од Канал 5 е ептен патриот, рекламира одмор во Охрид и тоа со попуст

0

Милена Антовска е една од нашите најпознати и најшармантни ТВ водителки. Важи за жена која е пред сè убава, но уште поважно, таа е естрадно лице кое позади себе не влече никакви афери, ниту професионални, ниту лични.

Таа е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите. Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение.

Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.

За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.

Многу често медиумските личности знаат и самите да си пуштат ,,муабет”, за да ги има по порталите. Тоа го прават најчесто кога нивната популарност има надолен тренд. Ова со години наназад можеме да го видиме во медиумите кај нашиот северен сосед, но и кај нас.

Но на Милена тоа не и е потребно, бидејќи таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.

Милена е доста активнa на социјалните мрежи, како на фејсбук, така и на инстаграм каде што во една прилика објави фотка и напиша:

-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.

Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓудругото ми треба и за работа…

Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене

И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!

Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење. Но, човек учи додека е жив нели..

Водителката Милена во април месец објави слика од плажа од Анталија на која се гледа дека одлично изгледа во бикини и порача:

-Kога после скоро две години ќе отидеш на море и не знаеш што попрво да направиш. Јас решив да почнам со плажа и сончање“, напиша Милена на Фејсбук.

По одморот, таа му се врари на своето работно место, во Канал 5 и објави интересен статус за тоа како се чувствува:

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место.

Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже“, порача таа. Во новиот пост, таа нуди туристички попуст и тоа за сите оние кои сакаат да го посетат нашиот бисер- Охрид.

– Се надевам дека сте добри со оглед на времево, мене ми влијае на расположението навистина. Оние кои ме следат знаат дека бев во Охрид со моето семејство“, рече Милена објаснувајќи во кои апартмани била сместена.

Решивме да направиме една убава понуда за оние коишто сакаат викендов да заминат во Охрид, доколку го искористите кодот Милена 10, добивате десет проценти попуст за апртманот“, рече убавата водителка.

Претходна статијаМиа се налути на коментар за синот и порача иронично: Се консултирав со доктор (ФОТО)
Следна статијаДани каква што не ја знаеме, пропеа народно, и тоа многу добро (ВИДЕО)