Северина синоќа порача: Вечерва немојте ништо да ме прашувате, ниту да ми коментирате (ФОТО)

0

Откако пејачката се појави на едно доделување на награди во Хрватска без сопругот, а после неколку часа на Инстаграм наместо Северина Којиќ беше само Северина, регионалните медиуми објавија дека нешто не е во ред со бракот на познатата пејачка.

Севе дојде сама да ја преземе наградата, што на сите им беше чудно со оглед на тоа дека Игор и таа се неразделни. Дека помеѓу нив не е се океј, беше јасно откако ја прашаа каде е Игор, а на што таа одговори:

Тој не дојде со мене. Таа не сакаше да одговара на прашања за нејзиниот сопруг, што ги изненади сите.

Таа уживаше во друштвото на децата кои беа со неа на сцената. Ако не излегуваа заедно понекогаш, ќе поминуваа време на телефон, што не беше случај сега“, велеше изворот кој се нашол на лице место.

Веќе подолго се зборува дека синот на Драган Којиќ- Кеба, Игор Којиќ и пејачката Северина веќе не се заедно.

Севе и Игор сè уште се во брак на хартија. Тие сè уште се следат на социјалните мрежи, но не се „сакаат“. Последната објава Северина му ја посвети минатото лето, кога го славеше роденденот.

Според соседите на Игор, Северина не била во Белград, во неговиот дом од април минатата година, ниту пак Игор во Загреб на Козјак. Нивната врска се олади откако Севе минатата година помина еден месец со семејството Којиќ на Бежанијска коса, кај Кеба дома.

Северина и Игор Којиќ не се виделе скоро една година, и неколку пати се шпекулираше дека се разведуваат. Како што дознава „Објектив“, хрватската пејачка неодамна му испратила документи за спогодбен развод на српскиот фудбалски менаџер. Сепак, тој не сака да ги потпише.

„Северина сака развод, Игор не. Тој ѝ испрати пораки, дојде во Загреб да ја види, но наиде на затворена врата.

Таа верува дека нивната врска не може да се врати на стариот начин, па му оставила можност да ги потпише документите, а доколку тој не се согласи, ќе му испрати тужба за развод“, изјави извор близок до парот за локалните медиуми.

„Тие немаа заеднички имот во бракот, немаат заеднички деца, така што, според нејзиното мислење, тоа треба да заврши многу брзо.

Да успеаjа да имаат дете, можеби нивниот брак ќе преживееше, вака, проблемите само се натрупуваа, иако тој беше голема поддршка за време на судската постапка со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ за старателството над нивниот син“, додаде извор.

Неодамна, медиумите објабија дека Којиќ бил во станот на Севрина за да ги земе своите работи. Пејачката во април наполни 49 години, па на многу интересен начин, раскажувајќи ја својата животна приказна се прости со 48 година, и објави фотка од Малдиви.

-Драгa моja 48-мa, збогум … Утре те менува 49-тата. Драга моја 49-та, седни малку, ние две да помуабетиме. Те молам, нека не те залажува мојата детска разиграност и не помислувај дека лесно ќе ме измамиш…

Некои твои „зло бни“ претходници несебично ми „дадоа“ многу од сè и сешто не многу убаво, што некои го нарекуваат „искуство“ … Така да … те молам, не мафтај со мене со твоите бројки, имај во предвид дека убаво ги поздравив и ги испратив сите твои „злобни“ претходници, како што ќе направам и со тебе… доколку е потребно. Иако беа многу добри години.

Ако бидеш добра, јас ќе бидам твојот најдобар пријател и ќе ги решам сите твои проблеми, само ти мене опушти ми се и дозволи ми јас да направам сè. Што би рекол Алан Форд: „И претходно сме имале проблеми, па не сме ги решиле“.

Биди среќна за мене, танцувај со мене, пеј, биди среќна, безгрижна, сакана и сакај и потруди се со твојата мудрост да и ум да ја отплеткаш кризната состојба.. Над сите пречки. Ти знаеш која.

Затоа што не се предавам и ниту една година не ми ја одзеде надежта и вербата во доброто, иако некои, признавам, се обидоа најдобро … Па затоа те советувам да не се ни обидуваш да го сториш … Само смеј се секој ден (како на оваа фотографија) и сè ќе биде добро. Добро?

Не се давај од 49-та. Поздрав до генерацијата 1972 година“, напиша Северина. Таа објави слика како се имунизира со вакцината Фајзер и на Инстаграм напиша: Вечерва, добри луѓе, немојте ништо да ме прашувате, ниту да коментирате.

Иако Севе им реќе на луѓето да не коментираат, под објавата доби многу коментари и цела една дискусија се разви за тоа дали треба луѓето да се имунизираат и да се носат маски.

Но, еден коментар вели: во очите ти гледам страв.

Претходна статијаИгор Џамбазов: Се подmочнував во гаќи од среќа
Следна статијаВрчак се повлече од мене, тешко иде со него, Раде брате врати се: Пријател раскажа каде е и зошто го снема раперот