Игор Џамбазов: Се подmочнував во гаќи од среќа

0

Игор Џамбазов, откако му завршија обврските со снимањето на „Преспав“, ужива во Дојран со својата сакана, планинарката и уметник Илина Арсова.

Џамбазов го откри и лекот против сите вируси во една негова објава: „Ако денес излегувате од дома, внимавајте да не заборавите да ја понесете и насмевката…ќе ви треба…таа е лекот против сите вируси…“

Цитатите кои Игор ги споделува од неговите книги се често едни од најпопуларните негови објави, а една од нив вели: „Пријателе мој, не плаши се од неписмените. Тие обично се простодушни и безоспасни. Плаши се од полуписмените. Тие се бездушни и многу опасни“.

Игор, кој сака да патува низ Македонија, пред извесно време се јави од струмичкото село Петралинци и тоа од дворот на неговиот добар пријател и ја раскажа приказната за Перо Петело, пашата од Петралинци.

„Добар ден, се наоѓаме во дворот на куќата на Банде и на Сузе во село Петралинци. Тоа е Перо петелот и има шест невести. Јас сум една не можам да прекарам“, рече Џамбазов.

Игор Џамбззов е секогаш горд на својата мајка, актерката Анче Џамбазџова, но и на татко му, маестро Александар Џамбазов.

Игор во едно интервју изјави што научил од мајка му и од дедо му, легендарниот актер Петре Прличко: Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лу дило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе.

А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак.

Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во еднo“, рече Џамбазов за „Фактор“.

Џамбазов во една прилика сподели уметничка фотографија од Петре Прличко на Инстаграм и напиша: Дедо ми 5-ре низ очите на легендарниот Димитар Кондовски…масло на платно.

Актерот има повеќе од 93 илјади следачи на Инстаграм, и неговите видеа кои во последно време се најчесто од Дојран ги орасположуваат неговите следбеници во ова тешко време.

Од неодамна, Игор е активен и на социјалната мрежа ТикТок, како и сите светски и балкански ѕвезди, и за кратко време веќе го следат 14 ипол, илјади луѓе. Во новото видео тој упатува благодарница и во неа вели:

– Едно големо, најголемо благодарам до сите доктори, медицински сестри и брача, полицаjци, војници, касиерки, продавачки, шофери, таксисти.

Благодарам, од името на Македонија, за се што правите за нас“, рече актерот и ја испеа песната од една позната реклама која почнува и вели:

Мерси е моето благодарам, мерси за тоа што си ти.“ Џамбазов сподели црно-бела слика со своите драги колеги и носталгично напиша:

Со колегите Александар Чамински и Раде Рогожаров, некаде во минатиот век, пијани од слобода, љубов кон театарот…и пиво.

Тој е сега во Охрид со Илина која таму има свој хостел, а на едно од сторињата вели: дојран дојде во Охрид.

Џамбазов сподели слика од својата мајка Анче и дедо му Петре Прличко од насловна страница на ревијата „Екран“ од далечната 1970 година и објасни:

-Тоа беше престиж, да си на насловна на “Екран” Јас сум бил скоро дваесет пати, и секогаш по малце сум се подмочнувал во гаќи од среќа…“

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПикник во бикини, уживање на јахта, Викторија Лоба животот си го живее на најјако (ФОТО)
Следна статијаСеверина синоќа порача: Вечерва немојте ништо да ме прашувате, ниту да ми коментирате (ФОТО)