Жаклина Жаки: Кај мајка му доле може да се носи „шаком и капом“ – за кај татко ми е проблем

0

Мажена сум подолго време, а имам 28 години. Не ми е лошо во бракот, не можам да се пожалам. Си имаме и едно детенце, работиме и двајцата и онака сè ни оди хармонично, започнува Жаклина и продолжува:

Живееме во иста куќа со родителите на мажот ми, но искрено почесто гледам да ги игнорирам отколку да седам со нив заради една причина – премногу зборуваат и ми се мешаат во животот.

Многу подобро се чувствувам кога сум оддалечена и се гледаме само по потреба, а мажот ми колку сака нека биде близок со нив, немам ништо против.

Така е затоа што ни тој не дозволува да ни се мешаат во работите, но од почит кон нив уште си е близок за сите работи.

И нормално е кога заедно живееме. Е сега, покрај нивниот многу добар меѓусебен однос, што има да ми се мешаат во мојот однос со татко ми? Како тие што се родители, така и тој ми е родител и јас сакам да бидам блиска со него.

Не значи дека ако сум се омажила и напуштила родната куќа дека веќе не припаѓам таму. Посебно па заради тоа што неодамна остана сам во куќата.

Јас го почитувам и сожалувам како родител и сакам колку што може повеќе време да поминувам со него.

Навикнат си беше тој цело време на готово да има и јадење и облека и перење и после се му дојде многу тешко. Јасно му е на него дека сепак не можам цело време да бидам до него и да му помагам, но барем од време на време.

Човекот е пензионер и се нешто си наоѓа занимација низ дома. Едвај чека па внучето да му оди на гости за да си игра со него и да го развесели. Мислам дека тоа му е единствена утеха.

Брат ми и снаата се заминати во странство, па само нас не има. Јас скоро секој ден, најчесто преку еден ден после работа одам кај него да го видам.

Ќе си поседам малку и ќе си заминам. На секое одење гледам нешто да му купам или направам од дома за се да му однесам.

Ми се случувало да направам јадење за неколку дена и да му го оставам за да не се мачи. Еднаш неделно одам да чистам и премногу сум посветена на него..па и како не би била? Нема никогаш да му свртам грб.

Е арно ама овие моиве дома постојано нешто ми се бунат. Многу често сум одела кај него, не требало толку време да посветувам на тоа затоа што дома сум имала семејство и дете со кое треба да бидам. А јас не гледам никаков проблем во тоа, се успевам да постигнам навреме.

За нив е проблем тоа што сум правела трошок со автомобилот, па и јадење што готвам одвојувам за него и наместо дома да јаделе, јас сум раздавала надвор. Многупати се расправав со нив за тоа и никако не отстапувам. Ќе одам кај него се дури можам.

Ми се лутат затоа што готвам специјално за него и му носам. Не знам како може така да ми кажат кога парите што ги трошам сама со го заработувам и не сум побарала од никој. Џабе што постојано ме притискаат и детето да не го носам и таму атмосферата не била соодветна за него, јас пак си го носам на гости и тој никогаш не се побунил.

Наместо и тие да го почитуваат и како што постојано се дома да му одат на гости да се дружат едноставно, тие уште ми наредуваат што јас да правам.

Мажот ми па ги поддржува за тоа, често ми префрла затоа што соседите зборувале како јас цело време сум се шетала натаму-наваму како да земам којзнае колкава плата.

Сум била недомаќинка, не сум се одделила уште од семејното гнездо, штом толку ме пуштал да се рашетувам еден ден немало ни да се вратам. Се обидувам да ги игнорирам таквите коментари, тие само тоа и го знаат, ама лошо е што овој им верува и му сеат в глава такви глупости.

И покрај тоа што го гледам татко ми, дома никој досега не ми останал гладен или валкан, а тие нека си ги зачуваат своите коментари за себе. Ме нервира само кога мажот ќе ми рече дај да им однесам од јадењето или суканото на моите долу.

Па како така на нив може да им носиш, а јас не може да носам на татко ми? Нека се обидат само уште еднаш да ми спомнат такво нешто, ќе знам како да ги решам.

Така си нашле, па ајде сега ќе си играме како што сакаме дури е во наша куќа. Не може за едните да важи, а за други не. Кога веќе нема да сум во можност да одам или да носам јадење, ќе престанам, а сега штом не барам од никој ништо, никој не смее да ми коментира.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаД-р Лазаров: Нереално е ова со тестовите – ќе имаме циркузи на есен доколку не го смириме летово
Следна статијаРосана, поранешната сопруга на Коки: Животот не ме погали, се живее во свет на лаги