Владимир: Има грешки кои се простуваат и грешки кои оставаат вечни лузни

0

Новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кој треба да настапиме на Европското првенство, крена многу прав во јавноста.

Македонија на ЕП ќе има можност да настапи во три варијанти на дресот, првата и официјална е во бордо боја, вториот е бел со жолти црти и третиот е црн со портокалова комбинација.

Навивачите воопшто не се задоволни поради потегот на ФФМ и решија да отворат петиција преку која бараат да се врати црвената боја на македонскиот дрес.

Својот став за дресот го кажа и капитенот Горан Пандев, кој на социјалните мрежи објави слика од стариот дрес и со тој гест им даде поддршка на фановите.

Околу промената на дресот се огласи и музичарот Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК.

-Неќев да напишам ништо околу скандалот и промената на автентичната боја на дресот на Македонската фудбалска репрезентација ( црвено-жолта ) и според мене носење на тотално нелогична одлука на господата од ФФМ за промена во бордо/вишна и црна боја која воопшто нема допирни точки со нашиот национален идентитет и знамето на нашата држава.

Добив многу пораки тука и на инстаграм за да реагирам во јавности и по медиуми, па би сакал да објаснам дека освен тоа што сум страствен љубител на фудбалот и голем поддржувач на Македонските фудбалери ( со голем дел од нив сум и добар пријател и другар ) немам никако влијание врз ситуацијата освен што на некој начин сум тажен и изреволтиран како и секој граѓанин.

Лично од моја гледна точка е направен огромен пропуст и непоправлива грешка за која мора да се превземе одговорност, посебно оној кој го одобрил и дозволил сето ова да се случи.

Се работи за НАЦИОНАЛЕН СОСТАВ , кој ја преставува земјата и ова не е приватен клуб со кој може да си поигрува никој.

Ова не треба да го ставиме на товар на нашите фудбалери бидејќи они се најмалку криви и не треба да им се прави притисок, туку треба да имаме уште поголем мотив да ги бодриме бидејќи никој не може да им го одземе “крв-аво” и чесно заслужениот историски успех.

На сите нас ни покажаа како треба да функционира една ФАМИЛИЈА и како со искрен пристап се гради доверба еден кон друг која никој од надвор не може да им ја растури.

Грешката е направена но можеби сеуште има време да се поправи, а како и да остане фудбалерите се наши херои и треба да сме горди на сите нив од прв до последен!

Бордото боја нема, а и не треба да го расипе нивниот дух но и нашата поддршка за нив, бордото боја само ни кажува колку нестручни кадри ни ги водат битните државни институции.

Да, факт е дека кој работи и греши ама има грешки кој се опростуваат и грешки кој оставаат вечни лузни, е бордо бојата за жал е од оваа вторава…….

За потсетување, ова се боите на знамето еве не знам можеби сум далтониста, па поправете ме ако грешам“, рече Панчо.

Претходна статијаДац искрено си кажа: Скарани со комшиите, скарани на работа, скарани по дома
Следна статијаДара Бубамара се поврза со Македонија – заслужен е овој човек (ФОТО)