Слаткар објави каков е неговиот резултат по брзиот тест на вирусот

0

Марко Маринковиќ, Слаткар познат под сценското име Слаткаристика започнал со своите музички креации кога имал 12 години.

Во едно интервју, Слаткар зборуваше за тоа како настануваат неговите песни:

-Инспирација е секојдневието и може да настане од најмала глупост, до длабока мисла или чувство.

Порано беше многу важно да го живееш тоа што го пишуваш, но со текот на годините се повеќе мислам дека се е работа. Најчесто пишувам во мир, а тоа е увек после 2 сабајле“, рече Марко.

Во 2014 година, Слаткар се ожени со поранешната Мис на Македонија Сања Николиќ. Пред една година, тие станаа родители на слаткиот Моша, а пред еден месец го прославија неговиот прв роденден.

-Точно, како ден и ноќ сме, но нели,-мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.“, рече Слаткар за својата Сања.

Тој периодов e актуелен по новите верзии на своите песни кои се акустични. Слаткаристика сними концерт во празниот МНТ во придружба на гитара која ја свори Денис Мурат.

-Денес син ми полни 1 година, а јас како озбилен татко сакам да ви ги претставам моите песни во озбилна, акустична варијанта. Мојот Јутјуб канал, 20 часот. Претплати се, бесплатно е“, рече тој.

Пред извесно време, тој ја објави песната „Да полетам“, за која своевремено има изјавено дека ја има напишано за тешката финансиска состојба во која се наоѓало неговото семејство.

Во интервју за Женски магазин, тој рече: „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.

За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот по -коен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече Слаткар.

Во видеото каде што ја пее оваа песна Слаткар гледа нагоре, како да сака да му упати порака на татко си, и ја пее со насолзени очи и со многу емоции.

Оваа песна е еден од неговите најголеми хитови, а причината се стиховите кои допираат до многумина.

Слаткар денеска објави интересно стори, како му прават брз PCR тест додека е во неговиот автомобил. Потоа, тој го покажа резултатот дека е негативен.

Марко не се пофали во која земја патува и по кој повод.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаМишко прво продавал млеко по куќи – сега купи млекомат и работата му оди како да е во Швајцарија
Следна статијаЦеца комплетно го смени имиџот, фановите воодушевени (ФОТО)