Сергеј Варошлија по долго време се појави во јавноста – еве која наша позната дама рече дека е незаменлив (ФОТО)

0

Пред две години, општ хит беше неговата емисија мода на сега веќе згаснатата 1ТВ, во која познатиот стилист Сергеј Варошлија, ги оценуваше стиловите на девојки, познати и непознати за јавноста, кои своите слики јавно ги имаа споделено на Инстаграм.

Сергеј стана познат по мечот со којшто ги пукаше балоните, ако нечиј стил го изнервира, и беше познат по реченицата: Ќе ми пукне душата, кое ја знаеше и старо и младо.

Се појвија и маици со написот „Ќе ми пукне душата“ па се организираа и собири на Сергеј со фановите во скопските молови. Некои го обожаваа, други го критикуваа кога ќе речеше: Види ја оваа, се натегнала, но сите зборуваа за него.

Токму во неговата тогашна матична куќа 1 ТВ, Сергеј во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки како никогаш досега зборуваше за животните подеми и падови, за зависноста, својата ориентација, за деновите исполнети со неизвесност и страв. „Бев кидна-апиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше канц-ер“, откри Сергеј тогаш.

„Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав недозв-олени средства и мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска“ се само дел од изјавите на Варошлија кои тогаш не ја оставија рамнодушна македонската јавност.

Сергеј Варошлија се струпули на подот во најновото издание на блокот за мода “ во „Отворено студио 1“ на „1ТВ“, објави порталот на телевизијата во 2018 година.
На познатиот стилист му се слоши откако почна да го коментира физичкиот изглед и фотографиите на Бети Цонева или позната како Бети „Сикрет“.

Претходно се беше во ред, но кога се појавија фотографиите на Бети, е тука веќе Варошлија не можеше да продолжи понатаму“, пишуваше во објавата. Бети Цонева му возврати објавувајќи статус на Фејсбук.

– Врвен талент кој не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани.

Па, малку беше, се фати да ме коментира мене, која споредна работа во животот ми е ФБ и сликање од причина што сум презафатена со бизнисот кој успешно го водам деценија и кусур.

Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат ци гари.. Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава.. Со среќа, ќе ти треба – напиша Цонева на нејзиниот профил на „фејсбук“.

Откако се затвори 1Тв чиј сопственик беше Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го снема и Сергеј, кој му беше близок пријател на Јовановски.

Сега Варошлија е повторно активен на Инстраграм и главно објавува свои слики. Порталот „Вистина“ во јануари објави дека Варошлија повторно ќе се враќа на ТВ екраните.

– Наскоро во етерот треба да тргне нова телевизија. И тоа ни помалку, ни повеќе од истото место каде што заврши „1 ТВ“ – студиото на „Томато продукција“!?

Телевизијата е неофицијално е во сопственост на еден македонски бизнисмен кој се занимава со „Ај-ти“ бизнис и програмирање, а се говори дека нејзиното име ќе биде „М2 ТВ“!“, објави Вистина за телевизијата во којашто наводно треба да биде и Сергеј.

Варошлија е сега доста акитвен на Инстаграм и знае да се пофали со својот моден избор за дневните и за ноќните излегувања. Тој сподели и спомен- снимка од емисијата „Мода“, во кој една обожавателка му напишала: Многу фалиш, аман веќе врати се, те молам.

Како голем обожавател на Анџелина Џоли, Варошлија сподели и нејзина видео порака во која познатата актерка вели:

– Ова не е совет, но кога ќе видам луѓе какви што вистински, знам дека тоа е она вистинското, а кога ќе видам луѓе што се преправаат дека се она што не се и не ја зборуваат целата вистина, се чувствувам многу непријатно поради нив. Овој живот е многу краток, нема време да се биде мал, или себичен“.

Слика од Варошлја, сега објави една наша позната пејачка. Станува збор за Маја Грзодановска- Панчева. На сликата, образ до образ се Маја, нејзиниот сопруг Дарко Панчев и Сергеј.

Маја на овој начин ја опиша средбата на триото, сосема кратко: Незаменливиот Сергеј. Маја на сликата изгледа одлично, како и Дарко, а изгледа дека Варошлија се погрижил за топ изгледот на нашата пејачка.

Претходна статијаЗаев во Брисел се опушти со пиво, пријател објави слика од дружбата (ФОТО)
Следна статијаНорвежаните го исплукаа Васил Гарванлиев: Џабе драмиш, не ти даваме поени! (ВИДЕО)