Норвежаните го исплукаа Васил Гарванлиев: Џабе драмиш, не ти даваме поени! (ВИДЕО)

0

Васил Гарванлиев не успеа да ја однесе Македонија во финалето на Евровзија. Земјите кои влегоа се: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Ели Танаскоска објасни на крајот од преносот: Васил имаше одличен настап, но сепак, гласањето е важно. Ниту земјите од екс Југосваија, Словенија и Хрватска не успејаа да добиат влез за финалето во сабота.

Се огласи и Гарванлиев по настапот и напиша: Чиста радост. Никогаш немој да престанеш да веруваш. Верувај му на своето срце. Остани силен. Сонувај големи соништа. Отвори се. Дозволи да се случи!

Тој, откако му слегнаа впечатоците, денеска на Фејсбук се обрати со зборови на благодарност до сите кои го поддржале и порача:

-Историски момент… И повеќе од тоа, МОЈАТА ПРИКАЗНА! Застанав на таа сцена со искрена и отворена душа, гордо да ја претставам Македонија и пеев за сите нас. Благодарен сум и горд, и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие.

Ја чувствувам вашата искрена љубов, енергија и гордост. Нема да го заборам тоа! Стоиме заедно и силни. Така ќе ја обоиме темнината со светлина и ќе ја исполниме омразата со љубов.

Стојам тука за вас и најдоброто допрва следува. Ви благодарам за вашата поддршка, пораки и гласови. Ве сакам, Васил.

Норвешката телевизија иронично зборува за нашиот претставник Васил Гарванлиев, за неговата песна и за неговиот настап. На видеото кое се споделува на социјалните мрежи, тие велат:

-Васил не трогна сите со неговата природна изведба“, вели водителката, а потоа за песната на Васил и за почетокот на неговиот видео спот зборува нејзиниот соговорник Кевин:

-Апсолутно е фантастично. Тој на почетокот од видеото вели. Тој вели, со многу емоции“, изјавува Кевин имитирајќи го Васил: Бев разочаран кога минатата година Евровизија беше откажана. И си реков на себеси: Кога песна да ја напишам следната година?

И седев со клавијатурите во мојот кревет, почнав да свирам и си реков: Имаше времиња (пеејќи). И солзи се тркалаа по моето лице и си реков: Тоа е таа! И тоа е толку тажно“, рече норвежанецот Кевин, и сите во студиото почнаа да се смеат.

И толку е тажно да седиш овде и да речеш: Тоа не е таа песна, Васил! Тоа навистина не била таа! Потоа водителката искометира: И тие крупни движења со рацете! И тој не се откажува!

Потоа, друга соговорничка вели: Не е убаво да се суди за туѓите чувства. Никој оваа година не сака повеќе од Васил. Тој сака ние да го сакаме, знаејќи дека во основа песната ќе не стресе. Ние сме загубени во таа пародија од екстраванација, што на некои можеби и ќе им се допадне.

Епа, Васил, ние нема да те отпишеме, но нема ни да ти дадеме многу поени“, вели коментарот на крајот, во емисијата што е снимена пред настапот на Гарванлиев.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Претходна статијаСергеј Варошлија по долго време се појави во јавноста – еве која наша позната дама рече дека е незаменлив (ФОТО)
Следна статијаНаташа Беквалац призна: Да пријавам дека се заљубив во овој дечко (ФОТО)