Семејството на купче, Турунџиева го покажа внукот и објасни зошто имала среќен ден (ФОТО)

0

Сузана Турунџиева последниве месеци е актуелна по својата дружба со хероината од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова, која живееше во нејзиниот дом во Скопје. Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза.

Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).

Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна“, објави Сузе минатата недела.

-Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни. Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија.

Се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во дијаспората Maria Duda.

Тој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект. Маурисио, бескрајно сме ти благодарни.

Сите, кои од било кои причини досега не успеавте да се вклучите во хуманитарните активности за Атиџе изминативе месеци, ве информирам дека не застануваме овде …

Се уште сме и потребни за да го облагородиме ентериерот и дворното место. И секоја помош е добредојдена. Да живеат луѓето со големи срца“, објави Турунџиева.

Сузана е многу горда на своите две ќерки, Матеа и Лора. Турунџиева стана баба на 7 март пред две години. Ќерката Лора и зетот Филип го добија синот Јаков.

– Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене.

Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно“, изјави Турунџиева за својата ќерка откако ѝ се роди внукот.

– Јаков е единствениот маж кој ми го зароби срцето. Тој ме има „купено“ за цел живот.

Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот мирис, се најголемиот подарок за мене“, рече Турунџиева во една прилика.

Сузана објави слики од своите најмили со кои била на кањонот Матка. На сликите се двете ќерки, зетот и внучето а Сузана по тој повод напиша:

Понекогаш #среќнасреда се паѓа и во вторник.

Фала ти животе.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаБарам работник, плата 500 евра, пријавен, платен одмор – дали да се прифати оваа понуда, или да се оди во странство?
Следна статијаНоне среќна во машко друштво: Предобар е! (ФОТО)