Ранко Буба Мара пак распали по Стефан Богоев: Се фрлаат големи пари за ништо

0

Минатата зима, откако кај нас падна првиот пообилен снег, веднаш се случија проблеми за граѓаните поради нерасчистени улици.

Проблемот е дотолку поголем, што поради ниските температури, доаѓа до подмрзнување на коловозот.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, информираше дека општинските служби се погрижиле да ги превенираат проблемите од снегот во повисоките зони.

Но, со тоа не се согласи Ранко Петровиќ, првиот човек на Радио Бубамара.

Сопственикот на радиото и продукцијата „Буба Мара“, Ранко Петровиќ, на својот профил, но и на статусот на градоначалникот на неговата страна на социјалните мрежи, информираше и за немил настан, судар на повеќе возила кои се излизгале но и за негов пад на коловозот:

„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев.

кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот, веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии,

тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм).

Не се сеќавам баш на се, но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн), лесно ме освестиле, дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило, другото само ќе си дојде“, напиша тогаш Петровиќ.

Петровиќ деновиве повторно распали по градоначаникот на општина Карпош Стефан Богоев. Имено, Ранко на Фејсбук рече дека детските игралишта во општината се крајно небезбедни.

-Безбедноста на детските игралишта во Општина Карпош и Скопје е на најниско ниво.
Општина Карпош и Стефан Богоев потрошиле околу 500.000 евра за одржување на спортски и детски игралишта во изминативе 4 години,

а игралиштата личат на археолошко наоѓалиште со сите рѓосани и промашени реквизити кои се поставувани во периодот од Стефче до Стефан.

Жално е да се трошат и расфрлаат големи пари , а да се нема барем малку љубов и одговорност кон децата и нивната безбедност.

Ставаат нови реквизити, а старите исечени делови ги оставаат да рѓосуваат во песокот, не прикажуваат сметки колку е потрошено за кој реквизит, гаранција, одговорност ни увид за безбедност на игралиштата.

Фотографиите се од населба Трнодол. Чудно е како приватните училишта и игротеки имаат поубави и побезбедни игралишта од нашиве прескапо платени општински оази за детска игра“, објави Ранко Петровиќ.

Фото: Јутјуб принтскрин

Фото: ФБ профил на Ранко Петровиќ

 

Претходна статијаСнежана Ѓуришиќ од Звезде Гранда откри како си поминала во Америка и каква баба е
Следна статијаСе крена голема прашина околу Васил Гарванлиев вчера – тој одговори вака (ФОТО)