Се крена голема прашина околу Васил Гарванлиев вчера – тој одговори вака (ФОТО)

0

Во Ротердам се одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа.

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ.

Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата носел круна направена од неколку парчиња огледало.

Гарванлиев на својот Инстаграм профил споделил и неколку фотографии од церемонијата, објави Точка.

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно имам прилика да запознаам некои од артистите.

Ти благодарам Евровизија за овој прекрасен настан“, напишал пејачот под објавата.

Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала. „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.

Васил Гарванлиев пее 6-ти по ред на 18 мај во првото полуфинале, а од неговиот пласман зависи со песната Here I Stand ќе успее да се пласира во финалето на 22 мај.

Македонската евровизиската песна “Here I stand” ја напиша самиот Гарванлиев, инспириран од некои лични случувања.

Во аранжирањето и оркестрацијата се вклучија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Васил ќе пее на англиски јазик, како и 90 посто од учесниците. Деновиве оваа евровизиската песна на Гарванлиев ја доби и ремикс верзијата.

Изработена е од светски познатиот диџеј Тони Моран.

Тој има направено платинести ремикси за Мараја Кери, Витни Хјустон и Дебра Кох што е инаку одлична препорака за подобар пласман на македонскиот претставник.

Негв пријател и соработник објави слика на која е прикажана хотелската соба на Гарванлиев во Ротердам.

Освен убавиот поглед, впечатливо е македонското знаме со кое е покриен креветот на Гарванлиев.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаРанко Буба Мара пак распали по Стефан Богоев: Се фрлаат големи пари за ништо
Следна статијаСања Лукаревска се огласи откако вчера беше избрана за втор човек на СДСМ и кажа што ќе биде нејзин приоритет