Раде Шербеџија откри дека ја бендисал Карлеуша, еве зошто

0

Хрватскиот актер и пејач Раде Шербеџија, кој постигна Холивудска афирмација, пред почетокот на пандемијата, беше гостин во Македонија.

Неговото присуство во македонската престолнина го искористи естрадниот магазин „Бекстејџ“ за интервју со големиот актер.

Во рамки на интервјуто, холивудската екс-ЈУ ѕвезда зборуваше за својата кариера, семејството, новиот албум кој го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија.

На прашањето на новинарката околу неговите деца, Шербеџија ги наведе нивните професии, ја спомена ќерката Луција која денес е талентирана позната и призната актерка во Хрватска, а малку тажно проговори и за ќерката која е сега во Белград и е вљубена.

Шербеџија на прашањето до водителката каков бил животот во поранешна Југославија, одговори:

„Ех малечка моја, само кога ти би знаела какви времиња беа тоа… Прекрасни, тоа не се опишува со зборови“… – и се обрати Раде на новинарката на Бекстејџ.

Раде Шербеџија проговори и за својот татко и за неговата болка што татко му никогаш не сакал тој да биде актер и не се согласувал со изборот на неговата професија:

-Целиот живот размислував и се прашував зошто е тоа така. Многу пати го прашав и него, но тој не ми одговараше.

Конечно на крајот од неговиот живот ми рече. Синко, мене не ме интересира што си актер. Биди си ти актер таму за твоите обожаватели, за мене си само мое дете!

Познато е дека Раде беше голем пријател со брачниот пар Бред Пит – Анџелина Џоли, а и денес по нивната разделба, тој ги одржува контактите со двајцата.

Но познато е дека со Анџелина, знаеле и заеднички да си потпевнуваат.

,,Со Анџелина најчесто си потпевнуваме хрватски шансони, кои попатно јас и онака и ги преведував.

Но на Анџелина многу и се допаѓа и Македонската музика, а особено сум и ја пеел песната ,,Елено ќерко, Елено”, која навистина е прекрасна и еве сега со Влатко ја пееме, заврши големиот Раде Шербеџија.

Прославениот актер, режисер, продуцент, писател и музичар моментално е во Белград, каде ја доби наградата Белградски победник“ на фестивалот ФЕСТ за исклучителен придонес во филмската уметност.

Од Раде, навикнавме да зборува главно за културата и седмата уметност во своите интервјуа, а сега ги изненади сите кога зборуваше за шоу-бизнисот и го искажа своето мислење за фолк ѕвездата Јелена Карлеуша.

Тој зборуваше за емисијата „Звезда Гранда“ и откри дека редовно го гледа овој музички натпревар, како и дека Карлеуша го воодушевила.

“Ја обожавам Карлеуша. Таа ме воодушеви со својата духовитост, интелигенција, „шашавост“. Сосема одличен лик. И воопшто сакам да го гледам тоа шоу, сите нив во жирито како се расправаат, толку ми е многу интересно.

И јас сакам да гледам тоа затоа што се занимавам со музика “, рече Шербеџија во емисијата„ Ексклузив “.

Карлеуша сподели и дел од снимката од ова интервју на своето стори на Инстаграм.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСинот на Балашевиќ со срцепарателни зборови се потсети на неговиот роденден (ФОТО)
Следна статијаМарјана се соблече во купаќи, Агнеса ѝ го коментираше изгледот (ФОТО)