Пикник во бикини, уживање на јахта, Викторија Лоба животот си го живее на најјако (ФОТО)

0

Една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки Викторија Лоба во интервју за Hybread.mk зборува за својот живот како дете во руски Танганрог, преселбата во Македонија, кариерата и идните планови во однос на музиката.

Имав навистина безгрижно детство. Ги правев сите оние работи кои децата ги обожаваат во тој период, возење велосипед, играње криенка со другарчињата надвор, а голема предност ми беше тоа што бев до море, па уште една активност во која уживав беше бањањето во морето..

Тоа беше време кога немаше социјални мрежи, така што можевме вистински да уживаме во детските денови. Така беше и кога се доселив во Скопје..

Многу брзо стекнав пријатели тука. Децата многу лесно склопуваат пријателства, така што немаше време кога се чувствував како странец, осамена. Имав среќа да учам во добар клас каде што многу убаво бев прифатена.

На 17 години глумев во „Лолита“ во Драмскиот театар заедно со Александар Микиќ, Сашо Тасевски и многу други глумци. Тоа е одличен предизвик, така што доколку би добила понуда за филм, ако ми се допаѓа сценариото сигурно би прифатила.

Јас сум личност која што сака да им се „меша“ во идеите со режисерите, најчесто и го правам тоа кога сме на сет, кога ги снимаме моите спотови. Им давам предлози бидејќи сакам да оставам некој свој печат.

Верувам дека ќе ми простат (се смее). Знаат дека сум таков карактер кој сака да има мала доза контрола на одреден дел од работите. Инаку, досега имам снимено многу реклами и спотови што значи дека имам искуство и во тој поглед“, откри Викторија.

Пејачката преклани се сврши по долги години врска. Таа тоа го потврди пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“. Нејзини избраник е бизнисменот Ѓорѓи Калешов, а свадбата требаше да се случи минатата година.

Инаку, Викторија Лоба и бизнисменот Ѓорѓи Калешов се во врска околу шест години.

Со Ѓорѓи се запознавме пред пет години. Тогаш „пролета искра“ меѓу нас. Сега се надополнуваме. Ние сме како јин и јанг. Потполно различни, а сложни. Од мене тој ја учи смиреноста, а јас од него амбициозноста – изјави Лоба за Ѓорѓи.

Поради пандемијата на вирусот, Лоба мораше да ја откаже закажаната свадба со Ѓорѓи. Оваа информација ја откри токму Лоба во едно интервју.

Инаку парот веќе подолго време живее заедно, а пејачката се пофали со веренички прстен пред повеќе од две години.

Минатата година, Лоба и Ѓорѓи уживаа во патувањето во Мајами. Пејачката која има многу следбеници сподели неколку фотографии од нивното патување на социјалните мрежи, а потоа беше и во Дубаи.

Се гледа дека оваа девојка навистина ужува во животот каде и да оди, па затоа е често на плажа, како и деновививе.

Убавата Лоба прво сподели слика од неа како си прави пикник во бикини, најверојатно во Охрид, но следната ѝ е од јахта, како ужива со поглед во езерото.

Претходна статијаСваќата на Цеца не ја симнува насмевката од лицето, има и добра причина (ФОТО)
Следна статијаИгор Џамбазов: Се подmочнував во гаќи од среќа