Види ги овие во обложувалниците од љубомора дека имаме најјака песна и настап, све од љубомора

0

Македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев ја имаше првата проба на сцената во Ротердам.

Во тек се евровизиските проби, а претставниците на сите држави застануваат на големата сцена, за да видат како сето тоа ќе изгледа во полуфиналето.

Тој треба да настапи под реден број 6 во првата полуфинална вечер следниот вторник на 18 мај.

Медиумите објавија дека Гарванлиев има лоши квоти на обложувалниците кои се занимаваат со пласманот на учесницитe.

Додека Фанција веќе подолго време е на првото место со коефициент 4, а веднаш по неа е Малта, Гарванлиев е со коефициент 500, или 1 отсто шанси за победа.

На овие прогнози, реагираше Ина Многуфина на својот Фејсбук профил која искоментира:

-Види ги овие во обложувалниците од љубомора дека имаме најјака песна и настап и све и глеј сеа, све од љубомора!

Ние каква екипа имаме од МТВ за Евровизија они може да сонуваат за таква.

Секоја година ние си имаме спремен текст во случај да се деси нешо од типот учителката не мрази и комшии меѓу себе си гласаат па идеме со објавата што ја знаеме веќе на памет:

Разочарани сме, имавме преубав настап и досега најдобра песна според (нешо нешо). Таму кога отидовме сите ни честитаа и не гледаа како победници.

Но, знаете, ние одиме со мал буџет и немаме пари да се претставиме како побогатите земји со презентации на нивните земји, а и лоби групите нивни се појаки.

Се е политика….другата година пак идат.

Со наши пари. И така во круг.

Само директорот на МРТ изгледа нема проблем со тоа, не знам, тоа се тие менаџерски потези кои ние може не ги разбираме ама ги плаќаме и така…

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб прин принтскрин

Претходна статијаНеколку дена не е јадена, влошена состојбата на славната Ју пејачка која е во болница
Следна статијаНајпознатата Ју пејачка со години го криеше вистинското име, еве како се вика