Мајката на Тања и на Лидија Кочовски, Невена, полни 80 години, Тања со емотивна честитка (ФОТО)

0

Во една приика Лидија Кочовска отвотрено зборуваше за болеста на својата мајка, легендарната пејачка на ансаблот Мањифико Невена Коовска која се бори со Алцхамер.

Првите симптоми се подзаборавање. Таа беше свесна на тоа, и ден денес е свесна дека подзаборава. И кога и проработува свеста, зборувам за сега кога веќе болеста е во подмината фаза, знае многу често да рече:

„Извинете, заборавам, повторувајте ми почесто“. Таа е тип на човек која е многу свесна за својата болест. Да не ја наречам болест, да ја наречам состојба.

Значи почна со подзаборавање, се повеќе и повеќе и на крај почнуваа да се случуваат чудни реакции. Поголема нервоза на моменти.

Нам не ни беше јасно, ние сето тоа го гледавме како деменција, заборавање, но подоцна свативме дека не е тоа, дека се работи за нешто повеќе, за нешто покомплицирано.

Јас однесовме кај др. Габриела Новотни, која премногу има разбирање за се, ја смени терапијата и пред осум месеци констатираше дека станува збор за Алцхајмер“, рече Лидија за ММС.мк

И сега во оваа поодмината фаза е свесна дека заборава. Ќе рече сега не ме бива, полека. И во тој момент навистина треба полека да се реагира. Треба многу трпение, за кое не сум можела да замислам дека го имам.

Да се повторува по неколку пати, да се зборува полека, никако, никако со нервоза. Никако со повишен тон, затоа што сите ние живееме во стресно време и знаеме да изреагираме, кога треба на трето, четврто, пето исто прашањеда дадеш петти исти одговор, почнуваш стануваш нервозен“, изјави познатата пејачка.

И нејзината постара сестра Тања, исто така понекогаш зборува на оваа тема, а Лидија во Женски магазин изјави:

– Најтешки се миговите кога ќе стане агре -сивна. Во една ситуација сакав да ја смирам, но ме турна и паднав на подот. Исто така мора постојано да се внимава да не побегне. Кога ќе реши да излезе, никој не може да ја сопре.

Потребни се многу нерви и трпение, но и многу љубов, за да ѝ помогнеш да се смири во тие мигови. – вели Лидија..

Пред неколку месеци, Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук објави фотографија од својата мајка, која тоа утро излегла од домот во 9.30 часот и оттогаш не се вратила. Потоа, на среќа, семејството ја пронајде жива и здрава.

Невена, иако за жал не памети многу работи, не ги заборава стиховите на песните со кои некогаш пеела низ целиот свет. Тоа го докажа и со уште една изведба на Vaya Con Dios.

Оваа популарна песна е напишана од Лери Расел, Инес Џејмс и Бади Пипер, а првпат е снимена од Анита О Ден во декември во 1952. Избрана е како една од Топ 100-те западни песни на сите времиња.

Во видеото кое Лидија Кочовски го објави на Инстаграм, како со мајка ѝ ја пее оваа песна се гледа со колку емоции таа и мајка ѝ ја пеат, а Лидија во одредени моменти се воздржува да не заплаче.

Познатата пејачка сосема кусо ја опиша љубовта кон својата мајка: „Се топам, мојата кралица“, напиша Лидија. По завршувањето на песната, таа на својата мајка ѝ кажува дека ја сака.

Денеска, Невена полни 80 години, а оваа убава вест ја објави Тања на својот Фејсбук профил. Таа сподели слика од мајка си од поладите денеови и сега и напиша само кусо: 80.

Потоа, на Фејсбук профилот на Тања стааа многу честитки од пријателите на Невена, кои ѝ го честиаа роденденот.

Претходна статијаТијана смени професија, покажа за што најмноги ја бива (ФОТО)
Следна статијаСелските финти за кои мислат дека палат и со нив се праат пари – Скопје е све поише град за избегавање (ФОТО)