Селските финти за кои мислат дека палат и со нив се праат пари – Скопје е све поише град за избегавање (ФОТО)

0

Сашо Пижевски кој е познат по прекрот Пиже е добро познат скопски градски лик. Тој беше угостител, а имаше и снимено песни.

Пиже беше дел од познатато трио Хавана бенд, прво со Игор Џамбазов и со за жал упокоениот Зеко, а потоа со Зеко и со Дац.

Тој едно време беше газда на локалот „Мајка ти и татко ти“ кој остана негов заштитен знак. Сега е сопственик на портал и е познат на социјалните мрежи.

Пижевски е изреволтиран од еден локал во Скопје каде што му рекле дека не служат кафе во времето кога отишол таму, па на Фејсбук ја опиша приказната што му се случила.

-НЕ СЛУЖИМЕ КАФЕ! Е па супер, да не служите кафе ни преку ден пошто не ни заслужувате кафе некој да ви пие.

Синојка у еден убав локал, местоположба перфектна, постои одамна, идевме многу таму у тој најубав период на постоењето на тој локал. Тогаш беше најбоље, зашто дечкото што го држеше со сите свои фалинки знаеше како треба и функционираше ОДЛИЧНО.

Сеа ете и реновиран, изглеа супер, а ја па ко слеп за стап, таму па таму и ете негде после осум ипол синојка конечно седнав и си нарачав кафе.

НЕ СЛУЖИМЕ КАФЕ ОВА ВРЕМЕ, ДРУГО НЕШТО? НЕ, ФАЛА, ЗА КАФЕ ДОЈДОВ, АМА ЕТЕ НЕ СУЛУЖИТЕ.

Ќе си станев одма, ама ете заради другарчињата со кој седев, не се напив ништо. Мада запињаа они, абе напраите му кафе на чоекот, кажи му на газдата, го знаат и они, а и јас. Не бе дечко ОК не ги замарај било кој, не треба кафе.

Ете у локал у склоп на еден спортски објект, кај шо првенствено би било у понуда добро кафе и слично, ама ете НЕ ДАВААТ, НЕ СЛУЖАТ.

Тоа бидна, селските финти за кои мислат дека палат и со нив се праат пари. Абе дечки, ја не држев книжара, кафичи ноќни клубови и диска имав и цел живот тоа го работев! Точно знаев и тоа го праев, кај и кога се служи кафе, а кога НЕ.

Прееска па уште една новост разбрав, ете кај шо почнав да си идам на кафенце у задње време, местото ми е ОК, пријатно ми е, ама ТАМУ ПОСЛЕ 6 попладне НЕ СЛУЖЕЛЕ КАФЕ.

Станува збор за два убави објекти кои ги држат луѓе шо прв пат се бават со оваа работа. СЕГА ОНИ СЕ КАФАНЏИИ. Полно е во едниот и во другиот локал, си работат добро, нека продолжат така и понатаму.

Не знам шо да кажам, на здравје нека им е кафето. Кафе можам да пијам на миљон други места…водејки се по онаа стара поука, НЕ Е БИТНО КАДЕ СИ, БИТНО Е СО КОГО СИ.

Не се машам никому у начинот на работа, ама си гледам да си имам комодитет у уживање кафе….

Бај д Веј, не видов да летаат жестоки пијачки по масите или па Дом Перињони…

Одамна сум рекол, Скопје е све поише град за избегавање. Затоа ја користам секоја прилика да му ја киднам од овде и што помалку да престојувам у мојот роден град.“

Претходна статијаМајката на Тања и на Лидија Кочовски, Невена, полни 80 години, Тања со емотивна честитка (ФОТО)
Следна статијаМаја Оџаклиевска пак ќе стане баба, ќерката Андреа го покажа стомачето (ФОТО)