Лила Стојановска во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Се или нешто“.
Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени тролања.
Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле Господар на прстените, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.
– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.
Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелегентен хумор, и кога на тој начин ме тролаат ми се слатки знаеш“, откри Лила.
Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.
-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.
И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.
Таа реагираше целата разу лавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.
Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот.
Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.
Лила на својот Инстаграм профил постојано споделува слики од своите патувања и местата на кои ужива, а и ги рекламира.
Таа неодамна беше во Кападокија, и од таму сподели интересни фотографии и видеа како лета со балон. За Кападонија, таа на Инстаграм напиша:
– Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите.
Таа неодамна уживаше во Турција, поточно во Анталија. Лила позираше прво од скопскиот Аеродром, за да најави дека ќе патува.
Потоа објави видео во убав хотел во кој ужива со поглед на базенот пред неа.
Следно видео од патешетсвието на Лила е од плажа, каде што таа е во костим за капење ала Памела Андерсон од серијата Чуварите на плажата.
Лила всушност сакала да се слика, но нејзиниот асистент Спасе ѝ направил видео, кое иако таа на почетокот како да не го одобрува, излегло одлично.
Познато е дека згодната Лила веќе имаше обиди како пејачка, таа пееше во дует со групата Арија, сними песна со водителот Александар Блажевски, но пееше и сама. На јутјуб и сега ја има нејзината песна којае насловена како Ти верував до крај.
Лила пак и се враќа на музиката, ако судиме по нејзиниот Фејсбук профил. Имено, таа објави слики со пејачот Филип Пешевски, младо момче кое е тазе на нашата естрада.
Сликите од Филип и од Лила како да најавуваат некој хит според она што таа го напишала до нив, а вели: Тешко мене со тебе …..продолжи го текстот…
Лила подоцна објави дека станува збор за песна што ќе се вика Тешко мене без тебе, и објави видео во кое се гледа дел од спотот.
Денеска, нејзиниот пријател и асистент Спасе, објави слика од него и од Лила. И тоа би била сосема обична слика амко Лила не беше во же-шки бикини.
Најверојатно, Лила и Спасе се наоѓаат во некој спа центар, а тој под сликата напишал: Саботна треска.