На 23 септември минатата година, се навршија точно седум години откако овој свет го напушти Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“. На 23 септември 2013 година, Македонија остана во солзи кога медиумите објавија дека по чина еден од дуото – виолина и гитара.
Неговиот најблизок соработник, виолинистот Никола Јанков- Коки, пред некое време со емотивен статус се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо. Објавата ви ја пренесуваме во целост.
-Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте у главата, и викам да ти напишам уште едно писмо.. ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.
Брат, не знам дали да се смеам дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Можеби па, сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а..?
Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката.. ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, им ја пеам, и они пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, глеам они плачат…
На овој ден коа ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли.. не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, и Сале е со нас. Ти стално, коа ќе спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели.. добро е таму.
Овде е зезнато малку, мош малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некој ќе го фатат и ништо не им е.. поима неам… ваљда си чул.
Макфест прв пат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не у домот на културата, заради тој вирусот, 35год јубилеј..Таму пак не’ заборавија и двајцата, али нема везе.
Со Марија, сестра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги памтам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.
Да знаеш дека не престанувам со музиката, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има песни бе брат што треба да се пеат и да се свират. Помладите поима немаат кој биле Дуле и Коки ама песните ги знаат, глеаш.
Не знам шо сакав друго да ти кажам.. Знаеш што.. нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време.. 7, 23.09.2020
Коки пред две години се раздели од сопругата Росана Петреска, која е портпарол на АМСМ. Коки и Росана важеа за среќен и складен пар и јавноста ја изненади нивната разделба.
Брзо по разводот со Росана, Коки повторно се ожени, и тоа тајно. Коки повторно ѝ се врати на неговата поранешна девојка, Маја, со која неколку месеци беше во љубовна врска пред да се ожени. Маја е адвокатка, а со неа, пред да се ожени со Росана, Коки бил во 4-годишна врска.
Минатата година, по неполна година, Коки се раздели и од втората сопруга Маја, а на социјалните мрежи тој одамна веќе не објавува нејзини фотографии.
Коки за жал го изгуби најдобриот другар и колега, и продолжи без него, со групата „Тајфата“. По двата развода, само една женска личност е неговата вистинска и наголема љубов, а тоа е ќерката Лара. Таа порасна во вистинска убавица, и е најголемата гордост на тато Коки.
Денес, Лара полни 12 години, а Коки со својата убавица се пофали на Фејсбук: Ми порасна. 12. Фала ти Господе“, напиша тој до сликата од ќерка си.
Eмотивна честитка објави и Росана:
Во животот се добиваат големи удари, се живее во лажен морал, се живее во еден чуден свет на лаги за кој човек незнае дал да молчи или да биде гласен…. но во ова време -невреме јас поминав многу голема борба.
Од 9 месеци носење во себе, од максимална посветеност, давање безрезервна, чиста и искрена љубов на еден живот кој денес е мојот крвоток. Животе не ме погали но па затоа ми го подари најубавото нешто!
12 години се смееме, 12г пееме, играме балет, 12г си бдееме една на друга! Една и единствена моја, остани таква каква што си ТИ! А ти само знаеш се! Една е Мајка засекогаш! Среќна 12 ЛАРА