Ја напиша најтажаната кафанска песна „Чаше ломим“: Што прави Незир Еминовски и кој е неговиот син наследник

0

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна.

Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

На пример, масовните концерти „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар со еден од пионерите на детроитската техносцена Дерик Меј и повторно Македонска филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Франција).

Потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне инспиративна, минатогодишниот концерт „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој, исто така, излезе надвор од нашите граници.

(Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“ што се одржа во „Мала станица“, а кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфониски концерти за деца, на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичари на Македонија…

Ова го пишува за Џијан Емин на страницата на Филхармонија, и несомнено тој еден од нашите најуспешни диригенти и музичари.

-За жал повеќе нема време за х.орната. Ја прекинавме нашата врска пред точно две години. 23 години ја извршував улогата на прв х.орнист во оркестарот.

Дојде време за промени и не жалам за промената. Има повеќе време за пишување музика и можам да се посветам на мојата нова пасија, диригирањето“, изјави Џијан во едно интервју.

Сепак, како што велат крушата под круша паѓа, а тој е син на еден исто така познат пејач и автор, но на народна музика. Незир Еминовски. Па, нема кој не посакал да ск.рши чаша или веќе с.кршил чаша на „Чаше ло.мим, руке ми кр ваве“, песната која ја испеа и ја напиша токму Незир.

Во едно интервју, Незир има изјавено дека ја напишал по вистинска случка за една нес-реќна љубов, во Белград каде што тогаш живеел и настапувал.

Оваа песна стана кафанска химна на цела Југославија, а и денес може да се прочита за неа по медиумите од целата екс ЈУ, а нејзин творец е токму скопјанецот Незир кој сега е пензионер.

За Незир, на Фејсбук страницата Riznica opskurnog narodnjačkog melosa можете да го прочитате следново:

Шабан Шаулиќ, Мухарем Сербезовски, Раде Лацковиќ, Халид Муслимовиќ, Хасан Дудиќ, Жељко Јевтовић Јеле … Кој е заедничкиот именител за овие великани?

Одговорот е: тие го отпеаа безвременскиот хит на еден од пионерите на народната музика на нашите простори, Незир Еминовски, „Чаше ло.мим, руке ми кр ва-ве“.

Животната приказна на Незир е добро скриена во очите на лаик, навистина нема да најдете многу за него на Интернет. Овој мистериозен автор важеше за еден од најголемите боеми на поранешна Југославија.

Тажниот сплет на околности, невозвратена љубов и тешкиот живот го принудија Незир да најде утеха во кафаната – пеејќи, пи.ејќи и пу.шејќи.

За време на студиите на факултетот во кафаната, тој развил фантастична можност да кр.ши разни стаклени предмети, што е и главниот мотив на ова ремек-дело.

Се вели дека одредена Амира му го ск.ршила срцето на Незир во цутот на нивната љу-бов, по што Незир поминал три дена и три ноќи опи.вајќи се во мала кафана во Чатовиќи кај Какањ со цел да ја уда-ви неговата тага, но во исто време предизвикал невидено ош.тетување на инвентарот на таверната. Чашите се ск.ршија, кр-вта на Незир течеше, стиховите започнаа сами.

Песната е полна со интригирачки соло делови, рефренот лесно се памети, музичката структура е совршена. Тие велат дека ск.ршеното срце е најдобрата муза“, пишува на Фејсбук страницата.

Џина во едно интервју вака изјави за својот татко:

-Сега од оваа призма на гледање на нештата, бидејќи и јас сум татко, јасно ми е дека татко ми одиграл многу битна улога во мојот живот.

Покрај тоа што ме внесе во музичкиот свет и на еден едноставен начин ми ги постави правилата на хармонијата и музичката теорија, но најбитното нешто што го научив од него е како да се биде човек.

Без разлика кои сме, од каде доаѓаме, со што се занимаваме, колку сме успешни или не, ние сме сите прво луѓе а потоа доаѓаат сите наши титули, заслужени, незаслужени, наметнати или самонаметнати. Најбитно е да не заборавиме да бидеме луѓе во добро или лошо.“

Претходна статијаРосана, поранешната сопруга на Коки: Животот не ме погали, се живее во свет на лаги
Следна статијаДара Бубамара прозборе за сочните гради, а потоа за малку ќе ја бакнеше Милица (ФОТО)