Каролина сподели носталгичен спомен (ФОТО)

0

Каролина Гочева е несомнено една од нашите најдобри пејачки. Освен тоа, многу од нејзините фанови ја сметаат и за модна икона.

Каролина во јавноста се појавува само кога има нешто да каже.

И објавите на Инстгарам ги става дозирано, не пречесто, само со убав повод. Така летово изненади многумина кога објави слика во бикини, на летен одмор, но не ја откри дестинацијата каде летува.

Токму под оваа слика, таа доби комплимент од својата пријателка и постара колешка Калиопи, која ѝ напиша: „Убавица“.

Во април минатата година, Каролина наполни 40 години. Роденденот, таа го прослави додека траеше карантинот, и напиша:

„Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо… Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам. Cheers“.

Каролина позираше во својот дом, покрај сликата од нензиниот сопруг Михаил Корубин, ликовниот уметник. Каролина му е инспирација на Михаил за повеќето од неговите дела. Михаил ја наслика насловната слика на еден од албумите на Каролина.

Каролина му е голема поддршка на својот сопруг, и тој нејзина. Пејачката беше дел од изложбата на Корубин, минатата година во Њујорк, заедно со нивни блиски пријатели. Таа понекогаш знае да објави спомен од нивните патувања во Америка.

„Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само и еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот.

После толку време заедно, мислам дека си ги знаеме сите „цаки“, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи едне од друг“, изјави Корубин за порталот „Машки магазин“.

Во порталот Фешнел, Каролина еднаш ја прашаа: Имате помош од професионален стилист, но колку се плашите од модни промашувања и дали сметате дека Ви се случиле?

-Секако дека ми се случиле, нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам (се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.

Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови“, одговори таа.

Каролина на крајот на април полни 41 година, и по тој повод многу нејзини пријатели споделија стоориња за да ѝ честитаат.

Таа со сопруот многу сака да патува, но поради пандемијата сега нема можност како и целиот свет.

Таа сподели слика од плажа, од Америка во 2019 година. По сликата се гледа дека Каролина ужива во убавата глетка и сигурно дека едвај чека можност повторно да патува.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаИсполнета голема желба на Шабан Шаулиќ, но за жал оваа радост не ја дочека (ФОТО)
Следна статијаБубе Јаневска изгледа како модел, се позгодна и позгодна (ФОТО)