Каде беа познатите за Велигден: Зависи од „џебот“- некој на плажа со коктели, некој во село (ФОТО)

0

Нашите познати личности едвај чекаа да дојде продолжен викенд, па да „киднат“ некаде на планина, покрај езеро, а некои и на плажа. Секој различно си го помина овој продолжен викенд, во зависност од можностите и од „џебот“, но и желбата секако.

Антониа Гиговска на пример, и нејзиниот сакан Иван Јованов уживаа во Анталија, и времето го користеа да се искапат во еден од топлиѕе базени. Антониа објави и интересна слика од еден од хотелите во Анталија.

И водителката Јелена Спенџарска беше на истото патување со Антониа, и објави стори како со Антониа се капат во базен, пијат коктел и играат на традиционална турска музика. На никој ништо не сум му должна … Освен на себе… Да бидам ХЕПИ, објави Спенџарска.

Сончајќи се на плажа во Анталија, водителката Милена Антовска- Станковска објави: Кога после скоро две години ќе отидеш на море и не знаеш што попрво да направиш. Јас решив да почнам со плажа и сончање.

Од Анталија се јави и Ване Маркоски, кој се дружеше со колешката Милена и објави: „Знаат како и со храна и со вкус и со се. Во Турција нема што не можат и што не умеат.“

Има и некои кои за Велигден беа во Македонија, како на пример Кристина Арнаудова. Таа со своите синови Максим и Матео шерна слика од Охрид, на една од плажите.

И водителката Елена Стефановска од емисијата Живот со стил се реши празниците да ги помине на домашен терен, во Маврово, па се пофали со убавата кошничка вапцани јајца и со убавата природа околу неа.

Викторија Лоба пак, со својот сакан Ѓорѓи замина преку граница, но не далеку, во Белград.

За први и втори мај, таа не беше во природа, туку објави слика од центарот на Белград.

Андреј Ѓорѓиевски од групата ДНК избра да ужива на село, и тоа во Старо Нагоричане, и објави убава идилична селска фотка.

И Сара Мејс со сопругот Димитар Атанасовски замина на село. Таа се пријави од селото Самоков, и напиша: само ние четвроица, а со неа и со сопругот е ќерката Илина и миленикот.

Тамара Тодевска како гевгелиска снаа се чекираше од Гевгелија, од каде што е нејзиниот сопруг Мачка. Таа на Инстаграм порача: Без мирот во душата, ништо во животот нема смисла.

 

Влатко Лозаноски исто така се пријави од селска идила, некаде близу Велес. Пејачот е инаку познат како вљубеник во природата отсекогаш.

Водителката од Сител Јана Серафимова уживаше во Охрид, каде што овој празник беа повеќето скопјани.

Само Дани Димитровска реши да остане во Скопје, објавувајќи слика со напис: Скопје, град за љубов.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаИлина го поканила Игор кај неа на викенд, карантинот ги зближил, а денес слават годишнина на посебно место (ФОТО)
Следна статијаЈа оставив Битола со солзи и со трите деца заминав во Германија – уште не можам да најдам работа по струка