Ја кажа вистината за Гарванлиев и за Тамара: Се обрати шефицата на македонската делегација на Евровизија

0

Италијанската рок-група „Манескин“ победи на 65-та Евровизија, со добиени 524 поени. Во Арената Ахој присуствуваа 3.500 гледачи, кои поминаа низ строги протоколи со цел да бидат таму.

Победата на Италија и ја донесе песната “Zittie e Buoni, додека на второто место се најде Франција, и на третото Швајцарија. Во финалето на Евросонг настапија претставници од 26 земји.

Откако беа прогласени за победници, пејачот од групата, Дамиано Давид на цел глас викна „Рокенролот никогаш не уми-ра“.

Во групата се и гитаристот Томас, тапанарот Итан и басистот Викторија, чија матична земја е Данска. Оттаму, потекнува и името на групата Манескин, што значи Месечина.

За жал, Македонскиот претставник Васил Гарванлиев не успеа да ја однесе Македонија во финалето на Евровзија. Васил со песната Here I Stand настапи на првото полуфинале, во вторникот.

Водителката Ели Танаскоска објасни на крајот од преносот: Васил имаше одличен настап, но сепак, гласањето е важно.

Ниту земјите од екс Југославија, Словенија и Хрватска не успејаа да добиат влез за финалето. Иако србинките Hurricane важеа за едни од фаворитките, ниту тие не поминаа високо на табелата на крајот. Васил со овие зборови се обрати на својот Фејсбук профил:

-Историски момент… И повеќе од тоа, МОЈАТА ПРИКАЗНА! Застанав на таа сцена со искрена и отворена душа, гордо да ја претставам Македонија и пеев за сите нас.

Благодарен сум и горд, и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие.

Ја чувствувам вашата искрена љубов, енергија и гордост. Нема да го заборам тоа! Стоиме заедно и силни. Така ќе ја обоиме темнината со светлина и ќе ја исполниме омразата со љубов.

Стојам тука за вас и најдоброто допрва следува. Ви благодарам за вашата поддршка, пораки и гласови. Ве сакам, Васил.

Оваа случка, невлегувањето во финалето, тешко ѝ дојде на шефицата на македонската делегација Александра Јовановска, која е водителка на емисијата „Стисни плеј“. Слика од Александра се појави на Фејсбук.

На неа се гледа како Васил ја прегрнува за да ја утеши, а таа рони солзи, најверојатно поради тоа што Васил не влезе во финалето на Евровизија. Јовановска се обрати со Фејсбук старус во кој ознаи неколку пријатели- соработници.

Деновиве комуницирав со многу луѓе, добивав прашања, се обидов да одговорам на сите, но еве, ќе напишам и овде во случај да пропуштив нешто.

Ми беше огромна чест и задоволство да работам со овој мал и многу посветен тим овие две недели во Ротердам. Васил имаше одлично сценско и вокално претставување, ние му ја дадовме потребната поддршка и позитивна енергија, за да може професионално да настапи на таа сцена.

За мене Евровизија е работна задача, на која и се посветувам 100% во својот домен, како и за се останато во МТВ. Годинава бев единствен претставник од тимот во Ротердам, па сепак и во услови на пандемија одработивме се што се побара од нас, целосно ја испочитувавме агендата и протоколите.

Лично не учествував во селекцијата на Васил како наш претставник, но мое е да работам во најдобар интерес на проектот.

Застанав безрезервно зад Васил, како и зад секој еден претходно за кој Македонската Телевизија одлучила дека треба да ја претставува Македонија на најголемото музичко натпреварување во Европа.

Верувам во потенцијалот на македонските музичари и го посакувам најдоброто за Македонија во сите услови. Не случајно десет сезони посветив на Стисни Плеј, борејќи се македонската музика да биде слушната! Имаме толку многу што може да покажеме во годините пред нас.

За настапот на Васил од присутните делегации овде добивме исклучиво пофални зборови, за жал само вербално, поените од земјите кои гласаа изостанаа.

Секогаш може да биде друг пејач и друга песна, но и тие ќе бидат наши и само сложни и обединети можеме да се надеваме на успех. Ни еден уметник не заслужува да го доживее она што му се случи на Васил.

Да научиме сите од неговата лекција. Драги музичари, некој може и вас во иднина да ве злоупотреби. Многу е лесно да се лизнеш. Истото и се случи и на Тамара. Да престанеме да се самоуништуваме! Низ процесот овој мал тим се покажа многу силен и храбро се боревме.

Сочувствувам со сите делегации во нивната радост и разочарување по ова издание на Евровизија. Тоа го знаат само оние кои биле дел од евровизиски тим и доживеале победа и поднеле пораз.

Ви благодарам за огромната поддршка, што ги препознавате моите заложби, што ни испративте многу позитивни коментари и пораки полни со љубов за настапот на Васил.

Огромни честитки за колегите од Италија и за сите останати кои го обоија ова шоу со духот на земјите од каде доаѓаат. Фала!,“напиша таа.

Претходна статијаБорче Стаменов: Јас Денис и д-р Лазаров ќе ви се тргнеме од патот одма, ако некој знае и може подобро
Следна статијаСе појави видеото како Марија Шерифовиќ и српската евровизиска претставничка Сања се кладат