Борче Стаменов: Јас Денис и д-р Лазаров ќе ви се тргнеме од патот одма, ако некој знае и може подобро

0

Борче Стаменов е особено поппуларен изминатиов период, по неговите акции за донации, подарување компјутери на категории граѓани кои тоа не можат да си го дозволат.

Стаменов во стаус на социјалните мрежи денес, воедно е и зачуден од односот на некои луѓе кои коментираат и „плукаат“ по сите што нешто прават, организираат хуманитарни донации или на било кој начин се експонирани во јавноста:

„Не ми се јасни критиките кон Денис Јанкуловски а.к.а космонаутко. Ниту оние насочени кон Ненад Лазаров. Ниту тие насочени кон мене и други слични на нас.

Денис пее повеќе од една година и на луѓето им влева некоја позитивна енегрија и е професионалец во својата работа.

Знам, сме се виделе 2-3 пати. Ненад дава корисни совети поврзани со здравјето на луѓето и има иницијатива каде собира витамини и ги доставува на луѓето на кои им требаат.

Во време на пандемија (измислена таа или не според некои ФБ експерти) правеа и заштитна опрема за медицинските лица.

Ненад е исто така и еден од ретките он лајн доктори на кои им верувам. Ја го собирав “ѓубрето” од цела држава и од него правев насмевки во форма на срциња.

Во исто време се борев и за почиста и зелена околина. И цело ова го правевме бесплатно. Не напраивме ама баш никаков трошок на државата или лично некому.

Ниту пак фативме некој за врат да не следи во тоа шо работиме. Ниту некогаш сме напишале “споделете”.

Чист граѓански активизам без да се очекува нешто назад. Шо свест владее на овие простори бе? Како станавте толку мрачни?

Ве испуштиле како бебе на глава или шо? Реков еднаш и ќе речам пак. Ако знаете и можете подобро, повелете. Ќе ви се тргнеме од патот, одма.

До тогаш, пардон мај френч, може фино лепо да одјебете или да престанете да не следите. Нема да ви се налутиме.“

Претходна статијаСамо затоа што сум полничка ме одбија за работа – наместо продавачка во бутик, сега работам во сендвичара
Следна статијаЈа кажа вистината за Гарванлиев и за Тамара: Се обрати шефицата на македонската делегација на Евровизија