Иако едните пееле се за власта, другите за опозицијата со една цел се обденија сите македонски пејачи (ФОТО)

0

Оооо оооо Македонија на Европско…. Сите сплотени сме заедно…. Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно…

Вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.

И не само Панчо и Андреј поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци.

– Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери…

И сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис.

Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен.

Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски.

Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци.

– Големо благодарам од нас оди и на сметка на Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски, затоа што несебично ни излегоа во пресрет и ни помогнаа околу логистиката, велат момците од ДНК.

-Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј.

Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

И да, во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, односно новите членови Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал, всушност синовите на Панчо и ќерката а Андреј.

Во спотот се појавуваат и трите деца на селекторот Игор Ангеловски- Мрме, но и децата на Перо Антиќ, синовите на Ребека, а се појавува и внуката на Елена Ристеска.

Слаткар, Бени- Нон стоп, Ферус Мустафов, Сузана Спасовска, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Сара Мејс, Ферус Мустафов, Кире Лазаров.

Тука се и Дани Димитровска, браќата Тавитјан, Кристина Арнауодова, Антониа Гиговска, Наум Петрески, Андријана Јаневска, Влатко Лозаноски, Огнен здравковски, но и Горан Пандев, како и селекторот Ангеловски и самите фудбалери на репрезентацијата се дел од овој спот.

Тука се и неклку јутјубери: Стефанатор, GP, Иван Ајнптајн и Кикие Цветче, актерпт Сашко Коцев, водителот Жаре…

Интересен момент е што Андреј и Панчо направиле спој на народни и забавни пејачи, но и спој на уметници кои биле политички опоненти, дел од нив имаат пеено за кампањи на ВМРО- ДПМНЕ, дел за СДСМ, дел немале таков ангажман.

Но, во спотот, сите се едно и навиваат за Македонија на Европско! Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаАлексадра од „Брза кујна“ откри зошто во сопругот е вљубена до уши (ФОТО)
Следна статијаШто научи Јелена Спенџарска од Снеже Велков? (ФОТО)