Алексадра од „Брза кујна“ откри зошто во сопругот е вљубена до уши (ФОТО)

0

Александра Пановска, која неколку години беше водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“.

Но, дојде до промена. Марк де Јонг, еден од готвачите во шоуто, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија заедно со неговиот готвач – партнер, Никола Мишковски, но и нова колешка – водителка меѓу нив.

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24. Таа за брзо време ги освои симпатиите на гледачите, и на готвачите.

Водителката Александра Илиевска, на социјалните мрежи интензивно објавуваше фотографии, на кои можеше да се види дека е во блажена состојба.

Александра се породи во јануари годинава, и на свет ја донесе ќерката Сара.

Во текот на бременоста одмараше од работните обврските, а на социјалните мрежи често знаеше да ги изненади своите обожаватели со убави фотографии.

Таа се породи на 23 јануари, а убавата вест со своите следбеници ја сподели неколку дена подоцна, на 30 јануари.

Александра на својот Инстаграм профил сподели фотографија со многу подароци и балони во розова боја, преку кои соопшти дека на 23 јануари на свет го донела своето прво дете – ќерката Сара.

„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата.

Александра за ммс.мк зборуваше за тоа како ѝ е во улогата на мајка.

– Кога првпат ја видов чувствата и емоциите направија да заборавам на сите породилни болки, и од тој ден знам дека љубовта има ново име- Сара.

Грижата за едно кревко сушстевско ги менува жените на многу прекрасни начини, независно дали станале мајки со природно породување или царски рез, со сурогат мајка или посвојување.

Деновите се различни и што и да планирате се менува бидејќи таа го диктира темпото на денот. Помошта во овој период на пандемија е ограничена и за жал ми помага само мојата свекрва“, изјави водителката.

Таа на Инстаграм објави слика со сопругот и рече дека нејзиниот најмагичен ден е оној кога станала мајка.

– Не постои поголема жртва на светот од онаа што нашата мајка ја прави за нас. Всушност, таа е најдобрата жена во нашиот живот.

Таа е наш водич, учител и е одговорна за она што сме ние денес. Било да сме тажни или среќни, таа е секогаш покрај нас, дарувајќи ни безусловна љубов.

Мајчинството ме потсети и научи на тоа што е мојата мајка за мене, да во иднина јас бидам најдобрата за мојата Сара. Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството.

Со Александар немаме генерална поделеност на домашните обврски. Секогаш се трудиме да си го олесниме секојдневието и животот со тоа што обврските ги завршуваме заедно.

Вистински среќни партери се исполнети партнери, парнери кои се реализирани и кои ги знаат потребите и она што навистина поттикнува среќа“, изјави таа за Женски магазин.

Александра објави слика со својот сопруг на која се гледа колку се среќни и вљубени, а сликани се во нашиот бисер Свети Наум.

Најсреќните моменти ми се кога сум со моето семејство, рече таа.

Претходна статијаРече таблет, а сите помислија дека на детето му дава „таблети“ – српската водителка ја осудува цела јавност
Следна статијаИако едните пееле се за власта, другите за опозицијата со една цел се обденија сите македонски пејачи (ФОТО)