Дебарлиева на одмор, ладното време и дождот не ѝ пречат (ФОТО)

0

Таа е долги години на ТВ екраните, и важи за една од нашите најпопуларни презентерки и водителки. Таа е една од оние наши јавни личности на кои многумина им се восхитуваат.

Дебарлиева е во складен брак со Јован Дебарлиев веќе 26 години. Кога славеа 25 години, нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Токму тоа беше и причината, естрадниот магазин Бекстејџ да поразговара со неа. Таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко. Потоа додаде:

– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор… Дебарлиева е горда мајка на Ана, која е економист и има 27 години, и Мики, кој е основец и има 15 години.

Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.

„Тие се во возраст кога веќе не сум во ситуација да им дозволам или да им забранам нешто, едноставно сами го прават својот избор; но со претходна добра основа што сме им ја дале и јас и мојот сопруг.

Телефонот и компјутерот се за забава, но и за извршување училишни работи и други обврски. Без нив не се може во денешно време“, има изјавено Билјана за своите деца за „Деца.мк“.

За сопругот Јован, таа вели: „Се запознавме во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани.

И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес“, раскажа Дебарлиева.

Дебаарлиева неодамна објави слика на Фејсбук на која таа игледа фантастично. Билјана е во улога на модел, таа рекламира познат домашен моден бренд и многумина ѝ честитаат што така добро изгледа.

Билјана за Велигденските празници добила убав подарок и интересна порака на која пишува:

„Со овој подарок те поттикнуваме да имаш комплетна пауза, одлично кафе, комплетно завршување на вечерта, и за сите мали, но и големи моменти“, пишува меѓудругото на пораката која е од една позната фирма за слатки.

Водителката објави повторно слика на која доаѓа до израз нејзината убавина и гарциозност, поврзана си брендот за облека што го рекламира и со порака: Пролетта е вистинското време да се фрлат старите работи и да се заменат со нови.

Билјана сподели една слика на која ретко кој би ја препознал. Нејзината убавина и на оваа фотографија доаѓа до израз, но фризурата и шминката се во сосема различен стил од нејзиниот денешен.

Сликата е од насловна страница на едно списание, а под неа Билјана напиша: Спомени 2002. Дебарлиева, и покрај дождот и времето кое е студено за овој перидо од годината сега е на одмор на планина.

Таа сподели слика од нејзиниот миленик во Маврово и слики од мавровското езеро и напиша: Врнежливо, студено, ама сепак убаво…

Претходна статијаМарјана Станојковска ја нема во ЛОТО, еве која колешка ја замени (ФОТО)
Следна статијаХалид прозборе дали е во љубов со Весна Змијанац