Газдата на ТВ Пинк искешира куп пари за роденденски подарок на жена му (ФОТО)

0

Телевизија Пинк важи за една од најгледаните не само во Србија туку и пошироко во регионот, а тука влегува и Македонија.

Првиот човек на овој медиумски гигант, Жељко Митровиќ важи за еден од најбогатите луѓе во Србија.

Митровиќ изминатиот период во оваа тешка година имаше убави можности за радост кои му ги подарија неговите деца.

Како што е познато сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ на 1 јуни стана дедо кога неговиот син Александар доби ќерка.

Гордите родители одлучија нивната наследничка да се вика Емилија, а Жељко беше пресреќен дедо кој заедно со пријателите славеше до раните утрински часови.

Пред извесен период Кристина Митровиќ, постарата ќерка на сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ и Милица Митровиќ, која живее и студира во Лондон, стапиja во брак со руски милионер.

Кристина ја запросија и таа рече „да“, а потоа на Инстаграм објави фотографија од скап прстен и прекрасен букет рози.

Идниот зет на лидерот на Пинк се претставува на Инстаграм како „Царот на Лондон“. Во описот на неговиот профил се вели дека тој „повеќе се фокусира на пари отколку на луѓе, бидејќи никогаш не сретнал долар што не му се допаѓал“.

Идниот сопруг на Кристина е син на руски тајкун и се занимава со семеен бизнис. Тој има приватен авион, обезбедување и возен парк на скапи автомобили.

Жељко Митровиќ неодамнa го покажа ентериерот на неговиот луксузен дом. Од фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, можеме да видиме дека сè е во тон, каде доминираат бело-сиво-црните нијанси.

Сепак, она што привлекува најголемо внимание се бројните монитори по ѕидовите. Покрај големиот телевизор, Митровиќ има дузина екрани наредени на ѕидот.

Претпоставуваме дека му се за да следи се’ што се случува на сите канали, програми и преноси во живо на неговата телевизија.

Некои велат дека мониторите се поради безбедносни причини, па на нив се отсликува во секој момент, што се случува во секој агол, во секое делче на неговата куќа, внатре и надвор.

Дневната соба е украсена со многу цвеќиња, кои исто така се во тон, како и сè што е во неговата соба што тој и го покажа.

Првиот човек на ТВ Пинк, реши да ја изненади сопругата Милица Митровиќ за нејзиниот 50-ти роденден, па тој подготви скапи подароци, кои потоа им ги покажа на сите на социјалните мрежи.

Милица се пофали со прекрасниот накит, и јавно му се заблагодари на Жељко, но и на децата.

– Мојот сопруг, Андреа и Кристина секогаш ме изненадуваат за мојот роденден, им реков да не претеруваат со подарок, но не вреди“, изјави таа.

Коментарите само доаѓаат, а нејзината насмевка на сликата покажува колку е задоволна од подарокот.

Милица за прославата на роденденот покажа и прекрасно украсување, кое ги остави сите без зборови. Доминираа цвеќиња како декорација, а секој детал беше земен во предвид.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНаташа Беквалац по 12 години прозборе за разводот
Следна статијаБојана Скендеровски со емотивна посвета за сопругот Васко (ФОТО)