Бојана Скендеровски со емотивна посвета за сопругот Васко (ФОТО)

0

Бојана Скендеровски е еден од најатрактивните пејачки на нашата музикча сцена, и успешна водителка на емисијата Улица Македонија.

По подолга пауза од музичката сцена, поп пејачката и ТВ водителка се врати на естрадата со песната ,,Круна”. Боана е мајка на Искра и Ѓорѓи, кои се појавуваат во спотот за новата песна, а за кои раскажува дека се нејзината круна, која со гордост ја носи.

Бојана за Фокус рече дека долго време се подготвувала за враќањето и внимателно избирала песна која најдобро ќе го отслика нејзиниот живот сега, кога се оствари како мајка и е веќе зрела жена, посветена на семејството и истовремено на семејниот бизнис, продукцијата ,,Скендеровски”.

Со две деца, кои се на возраст од три и еднаипол година, со секојдневната грижа за нив и за домот, и со обврските во продукцијата, таа сепак вели дека во природата на жените е да можат да се изборат со се, да бидат успешни на повеќе полиња и да се справат со секој животен предизвик.

-Јас во душа сум феминист, секогаш се борам за правата на жената. Дали е лесно да се биде жена, мајка, сопруга, да се гради кариера, да се внимава за се што е потребно во домот, да се изгледа добро, да се заработува?

Воопшто не е лесно, но, како што минува времето, листата на работи кои се очекуваат од денешната жена постојано се надополнува.

Мојот став секогаш бил дека е многу погрешно сфаќањето дека жената е само за во домот. Колку е тоа погрешно се гледа редовно, со успесите кои жените ги постигнуваат на сите полиња.

Би рекла, овој 21-ви век ни донесе многу барања и предизвици кои секоја жена, со тешка организација успешно ги остварува – за ,,Фокус” раскажува Бојана.

-Да имаш две малечки дечиња како моите со толку мала разлика, Искра која има 3 години и Ѓорѓи една ипол година , а притоа да имаш и своја кариера, а плус треба да бидеш и сопруга, да имаш време и за социјален живот, за мене е огромен животен предизвик.

Не е лесно но сепак јас сакам да сум сестрана личност, и се трудам да постигнам сè.

Пандемијата нè поремети комплетно, не ни остави простор да бираме многу многу, па затоа со Васко се трудиме на децата да им бидеме креативни, да им го менуваме секојдневието во домашни услови.

Ги научивме сите детски песни, имам едно опасно долг репертоар од „Поточиња“, „СИ- ДО“ и „Златно славејче“, додаде Бојана за нејзиното секојдневие во Женски магазин.

Таа не крие дека е многу вљубена во сојот сопруг Васко Скендеровски, првиот човек на Скендеровски продукција, па објави слика со својот сакан и емотивна посвета. „Мојата сродна душа“, напиша пејачката.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаГаздата на ТВ Пинк искешира куп пари за роденденски подарок на жена му (ФОТО)
Следна статија(ФОТО) Се појави слика од младоста на Вики Миљковиќ и Ташке – родителите не сакале да слушнат тие да се земат