Гавазова гради луксузна вила во Охрид, цело езеро на дланка (ФОТО)

0

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Таа сподели објава на колешка која коментира за новиот протокол за свадбарската индустрија кој го предложија угостителите, а во него не се вклучени музичарите.

– Според новиот протокол за работа кој како нацрт план го предложи свадбарската индустрија, музичарите повторно извисуваат со ангажман, затоа што нема да бидат вклучени во свадбените свечености за кои е планирано да се одржуваат без жива музика.

Новите правила што ги предложија преставниците на свадбарскиот сектор предвидуваа на свадбените веселби да не се играат ора, туку свеченоста да се отвара со танцот на малдоженците.

Гостите мора да бидат во ограничен број и да нема жива музика. Задолжителни се средствата за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маски. Работното време на угостителските објекти ќе биде до 21 часот.

Овие правила логично не им се допаднаа на музичарите, кои сфатија дека повторно се отфрлени од новиот протокол кој има за цел да го рестартира угостителскиот сектор, а тие и понатаму остануваат на милост и немилост, без примања и можност за работа и заработка“, се вели во објавата.

Како што е познато, фолк пејачката Сузана Гавазова по шест години живот во Шведска, се врати во Македонија.

Со сопругот Јасмин и со ќеркичките ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи својата кариера на домашен терен.

Струмичанката која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна. До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!

Јасмин пак, својата сила ја покажа во Охрид, каде што и покрај се упте студената вода, реши да ја отвори сезоната и се искапе во езерото. Тој до сликата напиша: Само за оние со јаки!

Но, очигледно дека Јасмин во Охрид не е само на одмор туку и работно. Причината е новата вила што тој и Гавазова ја градат, а според сликите кои ги објави, избрале прекрасна локација.

„Нов проект“, напиша мажот на Гавазова до сликите од вилата која почнува да се гради, а глетката е милион долари, целото езеро на дланка!

Нека им е со среќа и што побрзо да ја изградат, да се вселат и да уживаат во прекрасниот езерски пејсаж.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јујуб принтксин

Претходна статијаКој вели дека децата најмногу се сакаат: Пејачката Росана објави слика од својот мал фраер, нејзиното внуче (ФОТО)
Следна статијаВојо: Вчера кај пазарчето Буњаковец на првата лента си застанал типот и ми го попречи патот