Кој вели дека децата најмногу се сакаат: Пејачката Росана објави слика од својот мал фраер, нејзиното внуче (ФОТО)

0

Легендарното музичко дуо, сестрите близначки Маријана и Росана, се немаат видено од предминатото лето.

Маријана долги години живее во Австралија, а Росана во Скопје. Маријана беше последен пат во посета во родниот крај во 2019 година.

Судејќи по сликите, и двете сестри изгледат одлично. Иако далечината физички ги раздели, тие останаа многу блиски и приврзани една кон друга.

„Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи но така е.

Јас секогаш сум била помирна, попедантна за се, а таа попалава во секој поглед. Инаку јас сум постара 15 минути.

Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење.“, изјави Росана за својата сестра за Женски магазин.

“Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња. Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана”, рече Росана во истото интервју.

Маријана одамна не се занимава со музика, а и Росана повремено.

Росана работи во една скопска книжарница, а Маријана е медицинска сестра на стоматологија. На Фејсбук, Маријана објави слика со визир на работното место.

Росана долги години е во среќен брак со глумецот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче а Маријана беше во брак со композиторот Тоде Новачевски, од кој одамна се разведе, но останаа во добри односи.

Маријана стана баба на Велигден минатата година година од синот Филип, а годинава тие го прославија роденденот и крштевката на внуката. Снаата на Маријана, Анастасиа, ја роди Ива, а Маријана не пропушта да се пофали со слика од својата мила внука.

И Росана е баба на Ноа, внукот од ќерката Ивана и од зетот Џејмс кој е англичанец. Тој во јули оваа година наполни две години. Двете баби се горди на внуците и споделуваат спомени, додека не се сретнат пак.

Маријана во Австралија знае да запее за своја душа, а најчесто со нејзината пријателка, пејачката Татјана Лазаревска. Пее и Росана, но поретко.

Таа своето музичко враќање го направи на фестивалот „Макфест“,со песната „Спомени“. Автор на оваа песна е Александар Митевски, и во неа се пее за сите убави спомени кои будат носталгија.

Но, ако внимателно ја слушнете, ќе сфатите дека во оваа приказна има многу за нејзината сестра близначка, Маријана, која ги испеа придружните вокали.

Со Ноа се чуваме секој ден во текот на работната недела, додека неговите родители се на работа, бидејќи пред пандемијата почна да оди во градинка, без проблем ја прифати, со радост одеше, сè додека не ги затворија.

И покрај тоа што сега градинките се отворени, ние како семејство решивме дека во моментов најбезбедно би било да го чуваме јас и дедо. Секој ден ни поминува низ многу музика, смеа, шеги и игра.

Готвиме заедно, јадеме, спиеме, танцуваме, шетаме со нашата Лејди (миленичето н.з.) покрај реката Вардар, шлапкаме во вирчиња, гледаме цртани, читаме книги…“, рече Росана за внукот во Слободен печат.

Росана објави нова слика од својот внук и на неа се гледа дека тој пораснал во прекрасно момче, а коментарите под сликата ја кажуваат вистината: Ноа е вистнски мал фраер!

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЗошто ја пизмам сабота и не можам да ги смислам девер ми и јатрва ми
Следна статијаГавазова гради луксузна вила во Охрид, цело езеро на дланка (ФОТО)