Елена, водителката на Живот со стил е бремена? (ФОТО)

0

Водителката Елена Стефановска е секогаш дотерана и негувана, таа е секако дама што се грижи за својот надворешен изглед, но и внатрешен, а во една прилика и зборуваше на таа тема:

– Секој ден ја чистам кожата на лицето. Кога ќе станам наутро задолжително го мијам лицето со ладна вода. Веднаш потоа го нанесувам серумот за лице со кремата за околу очи.

На крај, дневна хидратантна крема која убаво ја нанесувам и на вратот. Сакам природен изглед со лесна шминка, не сакам многу бои на моето лице кога немам снимања. Никако и никогаш не легнувам со шминка.

Сигурна сум дека тоа е тајната на добриот младешки изглед, чиста и негувана кожа, макар и во домашни услови.

Затоа девојки мои, основната хигиена е најважна. Јас тој однос кон мојата кожа си го имам од кога знам за себе“, рече водителката која ја води емисијата Живот со стил.

Елена од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил“.

Таа обезбдува шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги части. Натпреварувачите ги оценуваат познати личности.

– Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.

И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел.

А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk .

Сметам дека пред сè, треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.

Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.

Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.

Преклани за прв пат, Елена Стефановска прозборе за својот дечко, Бојан Најдоски. Таа му посака среќен роденден на својот Бојан, и тогаш јавноста дозна за нивната врска.

Потоа,, Елена му напиша мини љубовно писмо на дечко и на Инста. „Остани таков каков што си, ама баш таков, ништо не менувај. Те сакам до небо. Нека ти е најсреќен роденденот љубов моја“, рече Елена за саканиот.

-Морам да се пофалам дека сум горда тетка на две прекрасни девојчиња Лара и Дора. Тие моментално се мојот свет.

Би сакала да ја искусам и другата страна од животот, секако дека би сакала да се реализирам во улога на мајка која сметам дека е најважната улога на секоја жена“, има изјавено Елена.

Една слика то ја објави кај неа на Инста покажува дека Елена можеби наговестува дека кај ена има „нешто ново“. Црниот тесен фустан кој го облекла топ и стои, но стомачето на Елена како да е малку заоблено.

И на други понови слики, таа носи широки фустани. Дали водителката наскоро ќе се пофали со тоа дека ќе стане мајка, останува времето да покаже.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПејачката Елена јавно му изјави љубов на својот сопруг (ФОТО)
Следна статијаЖивкица се јави од Грција со интересна порака за пријателите (ФОТО)