Пејачката Елена јавно му изјави љубов на својот сопруг (ФОТО)

0

Пејачката Елена Петреска на почетокот од годинава објави емотивно видео во кое го раскажа целото нејзино искуство со вирусот.

На 11 јануари, Елена објави дека на Инфективната клиника поминала 14 дена поради проблеми со корона вирусот.

„Конечно дома после 14 денови на Инфективно заради ко вид. Благодарам на Бог што се помина добро! Благодарна сум што си ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!

Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника.

Тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња!

Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост ќе ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно.

И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива“, напиша Елена тогаш.

Прилепчанката пред речиси осум години заплови во брачните води со нејзиното долгогодишно момче Андреј Толевски.

Тие денес се родители на две дечиња, Михаел и Софија, а според фотографиите што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи, очигледно е дека се уште се вљубени.

Впрочем тоа го покажа и мама Елена кога на својот сопруг му ја честиташе годишнината со емотивна порака со која тогаш ги воодушеви своите обожаватели.

„Љубовта кон тебе многу ме промени, твојата сурова искреност ме направи подобра личност.

Можеби треба да сум лута, но за чудо денес сум благодарна! Фала ти што ми помагаш да растам!“ напиша тогаш Елена, па нема да се изненадиме ако наскоро повторно напише интересна порака за нивната годишнина.

Имено, повеќе од јасно е дека проблемите не заобиколуваат никого, па ни естрадните личности кои секако не се имуни на нив, но од нивните заеднички фотографии можеме да заклучиме само едно – тие изгледаат среќно и како да го живеат својот живот од соништата.

Полни со љубов, како да се на самиот почетокот од нивната врска.

Денеска, сопругот на Елена слави роденден, а таа му упати емотивна честитка на Фејсбук: Среќен роденден Андреја Толевски.

Ти си најдобриот татко и најдобриот сопруг.

Те сакаме најмногу со Михаел и Софиа“, објави Елена заедно со албумот од заеднислки слики со сопругот.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПорасна внуката на Есма Рецепова, прослави полнолетство (ФОТО)
Следна статијаЕлена, водителката на Живот со стил е бремена? (ФОТО)