Дејан: Порано ми се смееја за ова што го работам, а сега ми завидуваат – мора да дојдеш кај мене и да те фатам со раце, не може од далечина

0

Повеќе од една година, поточно околу петнаесет месеци, Светот живее едно ново нормално, во кое веќе ништо не е како порано.

Рестораните и кафетериите работат со намален капацитет, а во некои периоди беа и комплетно затворени, музичарите немаат воопшто работа.

Оние кои можеа, својата продуктивност на работните места ја продолжија од дома. Многу светски компании препорачаа работа од дома, за сите работни места кои тоа го дозволуваат.

Економиите во скоро целиот свет влегуваат во рецесија. Таков е случајот и со нашата држава. Причината е јасна. Нема обрт на пари, се прибираат драстично помалку пари од даноци. Веќе во многу земји, во прашање доаѓаат и исплатата на основните надоместоци.

Последните неколку месеци состојбата се менува, откако неколку компании успеаја да произведат вакцина со преку 90 процентна заштита од вирусот и почна масовна имунизација на населението во многу земји.

Но дали тоа ќе значи враќање во нормала? Можеби, но кога? Сега се знае дека ќе треба да се примат две дози вакцина, во период од околу еден месец. Богатите земји, веќе имаат одредени количини вакцини и таму се очекува до крајот на оваа пролет, имунизацијата да биде спроведена.

За посиромашните земји, можно е поради доцнење во набавките или испораката, овој процес да потрае до крајот на оваа година. Како и да е, сите се надеваме на најдоброто. Во меѓувреме, економијата трпи. Но, има луѓе кои се фалат, пред сè тоа се должи на професијата која ја работат.

Дејан е бербер и веќе 25 години го работи овој занает Сега е преку „големата бара“, работи во Америка и вели дека добро му оди:

„Во САД сум 10 години. Успеав некако да дојдам тука, да направам документи и да работам најлегално. Живеам во Бруклин и тука имам свој дуќан, што е голем успех.

Претходно живеев во Скопје и исто така последните 10 години бев газда. Почетоците нормално ми беа со метла во рака, бев чирак дури учев занает.

Но друго ми е зборот. Завршив средно во ЕМУЦ и не продолжив на факултет. Наместо тоа, ги фатив ножиците во рака. Многумина ми се смееја и ме гледаа со потценување. Тие станаа економисти, филозофи, психолози, правници, а јас бербер.

Ене ги сега дремат дома без работа, плачат, се жалат. Од пенкало потешко не кренале. Мене ми се смееја и ме омаловажуваа, ама јас сум сега турбо.

Гледаме дека веќе се оди на онлајн. Но видете, мојава работа не може онлајн! Мора да дојдеш кај мене да те средам, па дури и во време на пандемија, така?

Сега што правиме, да почнам ли и јас да им се смеам на оние мои другари интелектуалци? Не, нема тоа да го правам, само ќе им порачам, да фатат нешто да работат, од работа нема срам. Срамота е да паразитираш дома.

Ќе напоменам уште нешто. Крајно време е родителите да почнат да ги насочуваат своите деца, повторно во техничките училишта. Како што беше порано.

Подобро детето да има некаков занает, отколку да дреме дома со некакво парче хартија, наречено диплома од некој факултет!

П.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаЏокси за првпат раскажа како настанала песната “На Велигден” – приказната е поврзана со неговата баба Уранија
Следна статијаСите нешто „паѓате од столче“ кога ќе чуете колку се заработува во Швајцарија, но знаете ли колкави се трошоците?