Дечкото ја изневери нашата згодна пејачка од Прилеп, а таа објави видео како се караат

0

Многумина ја паметат Оливера Ѓоргоска како многу згодната пејачка со убав глас, која кратко се задржа на макединската сцена, но остави свој впечаток.

Таа започна да пее на едно шоу што го водеше Лила, наречено „Моја ѕвезда“.

Убавата Оливера од Прилеп потоа сними и неколку свои песни, а и имаше и настапи на музички фестивали, па потоа ја снема од македонската музичка сцена.

Таа скоро 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а од почетокот на годинава има и американско државјанство.

На музичко поле сега се пронаоѓа како поп опера пејачка, а нејзините изведби воодушевуваат.

Оливера е професорка во Музичката академија во Лас Вегас, а неодамна потпиша соработка со мулти Греми продуцентот „RedOne“.

Во интервју за „Digital Journal“ изјави дека го нема видено своето семејство во Прилеп цели пет години и дека премногу ѝ недостасуваат и дека тие се нејзината најголема поддршка.

Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, но и диџејот Стив Аоки, пишуваше Женски магазин.

Таа на Инстаграм има повеќе од 51 илјада следбеници, и ги покажува убавините на местата на кои шета, но и својата убавина на која ѝ се воодушевуваат следбениците.

Та неодамна објави интересно видео кое има речиси 15 илјади прегледи. Таа отворено зборува како дечкото ја измамил со друга, а таа го фатила.

Оливера влегува во неговата соба со своја мачка и наоѓа друга девојка во неговиот кревет.

На крајот, се испоставува дека дечкото ѝ прави „финта“. Нозете со мрежесети чорапи од „девојката“ која ѕирка од креветот се гумени, а Оливера подоцна дознава за тоа.

Всушност, ова е дел од новата занимација Оливера, а тоа е снимањето видеа кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.

Дел е од тимот на „JIBRIZY“ – момчето кое има 3 милиони следбеници на Фејсбук, 2.5 милиони следбеници на Тик Ток и половина милион на Инстаграм. Нивните заеднички видеа бројат дури и над 185 милиони прегледи.

Таа досега има снимено повеќе вакви видеа и одлично се снаоѓа во глумата, и тоа со одличен американски акцент. Оливера, како да не е од Прилеп, туку како да е родена во Калифорнија каде што сега живее.

Видеото можете да го видите ТУКА

Фото: Инстаграм принскрин

Претходна статијаНора Шаќири проговори за Фатиме Фетаи
Следна статијаСаша Поповиќ „им списка“ на членовите на Звезде Гранда, откако Момир си замина од овој свет