Нора Шаќири проговори за Фатиме Фетаи

0

Познатата ТВ водителка и новинарка, Нора Шаќири-Марковиќ пред извесно време се реши за првпат да проговори јавно за своите најтешки денови, но и за нејзиниот избор за партнер.

-Со Марко се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по загубата на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓу луѓе и тогаш се појави тој.

Ме прегрна, ми изрази сочувство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш. Не знам како, ниту пак од каде се појави, ама кога ме прегрна знаев дека Марко е тој.

Кај Марко сакам буквално СЕ, и тогаш кога ме вади од такт јас бескрајно го сакам. Марко е прекрасен лик, миленик на моите пријатели, Марко го сакаат сите затоа што е навистина многу добар човек.

Обожавам кога го слушам како пее поготово кога сум кај него на свирка, и кога ќе отпее нешто за мене.

За жал, предрасудите се дел од нашето секојдневие, јас научив да живеам со истите. Во текот на досегашниот живот многу предрасуди беа фрлени врз мене од тоа дека сум Албанка, дека сум муслиманка, дека сум јавна личност, па се до моментот дека се омажив за човек од друга националност и вера.

Многумина мислеа дека со невкусни коментари можат да ни ја згазат љубовта и врската со Марко.

Но, се случи токму она што мене ми е девиза во животот „ОНА ШТО НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СКРШИ ЌЕ ТЕ НАПРАВИ ПОСИЛЕН“. Јас и Марко победивме и покажавме што значи вистинска љубов, почит еден кон друг, почит кон семејството и кон пријателите“, изјави таа.

Нора Шаќири и сопругот Марко Марковиќ на 6 април минатата година добија син, а радосната вест мајката со пријателите и јавноста ја сподели на Фејсбук.

– Добредојде сине мој Ијан. Ти благодарам Господи – напиша Нора. Името Ијан е варијација од името Иан. Инаку значењето на името Иан е „Бог е милостив“.

Станува збор за име со Еврејско потекло, форма на Јован, потекнува од зборот Johanan. Варијации на името: Јован, Иван, Јан, Јохан.

Во една од епизодите на емисијата „Уште ми фалиш“ со Александар и Дац гостуваше токму Нора, познатата новинарка, водителка,и од неодамна и в.д директор на „Театар комедија“. Нора рече дека уште не е свесна дека е мајка и не е свесна што ѝ се случува, зборувајќи за синот Ијан.

– Јас сум тетка на пет внуци, и во неколку наврати на Ијан му се обратив: Дојди кај тета“, раскажа Нора.

Потоа раскажуцваше за тоа како е да си сестра на Бени Шаќири. „Брат ми ме фати како пушам. Одев на курс по англиски и со еден од соучениците излеговме на пауза, стоиме во ходник, и пушиме цигара.

И тој ми вика: Те молам придржи ми ја цигарата, и јас со две цигари. Ама не занев дека Бени треба да дојде да ми плати рата за курсов. И јас стојам вака со двете цигари, и го гледам како се качува по скали.

Како да ви кажам, немав здив, бледа. Он ме погледна, плати, си отиде. И јас и реков на професорката дека нешто ми е многу лошо и морам да си одам дома. Отидов дома и брзо си легнав. Се преправав дека спијам, ми беше страв.

И никогаш не праша што е со цигариве, не една, па уште и две. И во една ситуација, бевме некаде излезени, јас со цигарите во ташна, и тој ми рече: Те молам запали, во ред е, гледам дека ти е лошо, знам дека пушиш“. И од сега, јас ќе ти купувам цигари, раскажа Нора.

„Еднаш сакав да ги потресам моите и избегав од дома. Отидов кај тетка ми. Не ѝ заѕвонив, туку седев на скали. И потоа ми беше многу ладно и заѕвонив и ѝ реков: Јас избегав од дома, а таа ми рече: Знам. Не те ни бараат, знаат дека тука ќе дојдеш“, додаде таа за своите палавштини.

Во интервју за Репортер кој објави најава, Нора раскажува за своето пријателство со Фатиме Фетаи, која неодамна е избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Нора и Фатиме од време на време објавуваат заеднички слики од нивните чести дружби и се викаат сестри.

– Јас и сестра ми, така си се викаме една со друга, немаме долги години стаж, морам да ти кажам. Тоа беше љубов на прв поглед.

Ние немаме долги години стаж. Едноставно, пред себе гледам човек и си викам, можно ли е како себе во огледало да се гледам. И немаше кај мене и кај неа ништо посебно, него едноставно тргна. Отидовме во кафана, и …“, рече Нора за Фатиме.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејбсук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНашиот познат пејач кој стана доктор во Швајцарија, се пофали со синот кој е на добар пат да стане врвен ракометар
Следна статијаДечкото ја изневери нашата згодна пејачка од Прилеп, а таа објави видео како се караат