Дани Димитровска, рокерката со уникатен стил е интересна појава на нашата естрада уште од почетокот на нејзината музичка кариера. Дани е позната по многу хитови, интересен стајлинг, таа е мајка на Лазар, но никогаш јавно не зборува за својот приватен живот, всушност, многу ретко.
-Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување.
Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“, рече таа во интервју за Женски магазин.
Потоа, го спомена својот партнер, поранешниот кошаркар Весел кој е сопственик на едно скопско кафуле и за него сосема кусо рече: Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво.
Дани секогаш има интересни пораки за споделување, било на своите Инстаграм профили, или во своите песни. Во една песна, Дани порача: „Јас не живеам за другите“.
Токму затоа, пејачката е толку своја и по малку бунтовна. Дани е мајка на Лазар кој има 20 години и студира во Холандија.
Таа секогаш има интересни видувања за многу нешта, а еве едно кое го напиша во времето кога најверојатно повеќе е дома: За сонцето во коса во време на пандемија, за разговорите со себе во време кога никој не е свртен во правецот навнатре, за трпението во време на нетрпение, за љубов во време на ом -раза, за музика во време на површност, за длабочина во време на прљавштина, за жолто во време на сиво… живели за денес“.
Дани во новиот пост се побудни против своите работнички права. „Ни велат дека музичарите не биле во системот. Тоа значи невалидни сме. Непостоечки. Штом не сме во системот значи немаме работнички права. А на секој музички работник и тоа како му е во прилог да биде легитимен и пред себе и пред систем.
Од осамостојување до ден денешен, правата и одговорностите на работникот со професија сценско-музичка дејност, не се решени. Музиката е професија. А на маргините е. А култура е.“, напиша таа. На ова ѝ одговоди Владимир Блажев- Панчо:
– Дано и со право викаат дека не сме тоест не нема во систем. Кој самостоен музичар е пријавен сам и плаќа здравствено и пензиско, кој плаќал данок и има своја фирма или пријавува данок на крај на година како трговец поединец?
Државата е факт крива ама не дека ние сме цвеќиња за мирисање. Ја тврдам дека од сите на куп 20% се максимално пријавени , може ни толку“, рече Панчо.
Дани најави што прво ќе направи откако ќе заврши пандемијата: На малата ширинка што ми е пред зграда и е вистинска реткост од градско зеленило, бендовски ќе прославиме акустично, без помпа и озвучувања. За атер на животот“, рече таа.
Најновото нејзино музичко остварување, сега е во соработка со уште две девојки, Ана и Сара кои се познати придружни вокали. Дани реши за првпат да преепее стана македонска традиционална песна, а станува збор за Каранфило филфило моме. Дани оваа песна ја пее со многу емоции со својата екипа, и се гледа дека музиката делува многу емотивно на неа.
Имено, таа подфолтнува и како секој момент да ќе заплаче додека ги пее стиховите Ти каранфил не носиш моме, ти каранфил не носиш, ти каранфил не носиш моме,
на каранфил мирисаш.
Ова е екипата која ѝ помогна на Дани толку убаво да ја испее песната: Сара Пројковска и Ана Костадиновска.
Аранжман и продуцент: Никола Мицевски
Никола Мицевски – пијано; Оливер Јосифовски – контрабас; Дино Милосављевиќ – тапани; Петар Христов – сопран саксофон; Тонец: Ивица Јанкуловски
Ова емотивно видео, можете да го погледнете ТУКА.