Александар од Штип се нуди бесплатно да работи: Целата моја плата насочете ја во хуманитарни цели

0

Горгиевски Александар од Штип е веќе познат хуманитарец, кој несебично помага на социјално слаби категории луѓе, преку новоформираната хунамнитарна организација, но и лично со своите две раце, учествува во изградба и реконструкција на нивните домови.

Тој е поранешен пожарникар и по престојот во странство и враќањето во Македонија, сака да се врати на старото работно место, но како што вели, нема слух од надлежните.

-Располагам со сите сертификати потребни за професионален пожарникар и многу добро Штипската јавност и граѓаните на Општина Штип знаат како си ги извршував своите работни задачи додека бев дел од таа институција.

Бев пожарникар кој прв се спротистави на Илчо Захариев и се борев за правата на пожарникарите, јавно и транспаренто. Кога сите се плашеа и не смееја да зборуваат, јас сум тој што една година беше по судови и машки се спротистави, рече во една прилика Александар.

Во своето последно обраќање, тој вели:

„2 февруари 2015 поплави Штипско Ново Село. Јас, прерасподелен од Пожарникар во Курир, во периодот кога се борев за правата на пожарникарите по судови и кога Илчо удри по мене мислејќи ќе ме заплаши.

Драги Штипјани, добро знаете не седев дома, туку облеков униформа и се ставив на располагање на пожарникарите и градот!

Замислете, денес после 6 години, Градоначалникот д-р Сашко Николов не сака ни да ми одговори на барањето за враќање на работно место пожарникар, каде има дефицит од дури 8 пожарникари.

Јавно пишав дека му се нудам и ставам на располагање, додека тие се власт во Република Македонија ќе работам таму без пари и целата моја плата нека ја пренасочат во хуманитарни цели, само да се подмируваат давачките кон државата.

Знаете Штипјани, не сум партиски бот и секогаш сум бил алергичен на партиски поставени функционери.

Да бидам искрен, не сум миленик и на партиски поставениот командир и бивши секретар на СДСМ, Тони Атанасов, кој цел живот си го помина таму, шлепајќи се преку партијата.

Тој стана прв човек во пожарната, а неговата сопругата – директорка во градинка. Се сеќавате ли како велеа “НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР”? Еве, правдата и мирот за нив дојде!

Најтр агично од сѐ е што човеков нема ниту еден ден работен стаж како пожарникар, ама тој е во директна комуникација со Сашко Николов, и со живот тврдам советите идат директно од него околу мое враќање таму.

За крај да ти се обратам Градоначалниче Сашко и еден совет да ти дадам докторе, колку сакаш блокирај ме да не можам да ти коментирам на објавите ќе најдам начин јас да ти се обратам јавно, не грижи се .

Срамот, ароганцијата и самобендисаноста се твои, не мои и ќе ти се удрат од глава верувај ми! Ова му го кажав на Илчо, еве и тебе ти го пишам.

Добро е народот да види дали е ова општество за сите и колку држи твојата изјава пред изборите “Јас ќе бидам градоначалник на сите граѓани”. Еве колку си Саше! Александар Горгиевски

Претходна статијаВељко Ражњатовиќ прозборе за очекувањата околу второто дете со Богдана
Следна статијаТатко му си замина од овој свет кога имаше 15 години, самиот се грижеше за мајка му и за сестра му – сега овој наш пејач е негов горд наследник (ФОТО)