Татко му си замина од овој свет кога имаше 15 години, самиот се грижеше за мајка му и за сестра му – сега овој наш пејач е негов горд наследник (ФОТО)

0

„Бисер балкански“, иако е новокомпонирана македонска народна песна, многумина ја сметаат за втора македонска химна. Ја испеа легендарниот пејач Гоце Николовски.

Песната за првпат била испеана на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година. Ја освоила првата награда.

Текстот на песната е од Јован Павловски, музиката е на Хилми Билбил а аранжманот е на Томислав Таневски. По самата изведба песната станува голем хит и многу наскоро станува широко прифатена од македонскиот народ.

Јасминка Павловска, во својата статија посветена на Гоце Николовски вели дека ниту една новосоздадена песна претходно, ни потоа немала таква општонародна прифатеност, што во периодот на раните деведесетти, што се совпаѓа со независноста на Македонија, ужива и своевиден статус на химна, стои за оваа песна на Википедија.

Гоце Николовски е роден во 1947 година во Скопје, Македонија. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее.

Победник е во тогаш популарната емисија ” Максиметар ” и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата ” Рубинси “, но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка попрок група ” Далтони “.

Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна ” Рука од сна “, и денес често може да се чуе на нишките радио станици. Својата популарност како музичар и пејач во Македонија ја достигнува кога за првпат ја изведува легендарната македонска песна Бисер Балкански.

Песната ја доби првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од Југославија.

Композиторот на оваа песна Хилми Билбил, кој исто така одамна го напушти овој свет како што е познато има свој музички наследник, а тоа е композиторот и пејач Роберт Билбилов. Тој во една прилика зборуваше за својот татко.

-Имав 15 години кога си замина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми си замине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството.

Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека го напуштил овој свет, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, изјави Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ.

„Тој беше виолончелист и е „виновен“ што денес и јас сум музичар. Знам дека замина на проба во Операта, а тогаш беше хит песната „Чудна жена беше Вера“. Ми ја даде на касета и ми рече: Дур се вратам, преслушај и почни да учиш да ја свириш. Подоцна, во текот на годините, како да се тркав со него.

Роберт кој е еден од нашите најплодни автори вели дека ако татко му сега беше жив, тој би го однел во студио и би му ги пуштил неговите нови песни. „Тој беше голем автор и уште се трудам да постигнам барем дел колку што постигна тој“, објасни продуцентот.

„Татко ми е погр-ебан во Охрид и иако често не одам на неговото вечно почивалиште, наоѓам друг начин како да се конектираме“, додаде Роберт.

Билбилов има творено многу хитови како : Не ме држи место, Јас те губам, Избриши ги ти солзите, Чудни места…, но напиша имногу хитови за други пејачи.

Тој кога целата естрада е заспана поради пандемијата извади нова песна што се вика Нигде не те наоѓам, а по повод песната и неговиот роденден на 9 мај тој емотивно се обрати на Фејсбук на овој начин:

– Посебно ме радува моментот, што луѓето за момент заборавија на лошата реалност…отворија очи и уши и дозволија да уживаат во уметноста на уметниците…

мило ми е што повторно луѓето почнаа да чувствуваат и со искажување на своите емоции како ја доживуваат песната и како допрела до нив…

Драги мои тоа е мојот гол, затоа никогаш не се плашете да покажете што чувствувате…бескрајно благодарам и поклонувам…уживајте во тоа што го направивме јас и голема екипа верувачи во македонската музика…

Ѕирнете во описот кои се луѓето на кои бескрајно сум им благодарен што постојат“, рече Билбилов.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаАлександар од Штип се нуди бесплатно да работи: Целата моја плата насочете ја во хуманитарни цели
Следна статијаНеда Украден прозборе зошто се развела и каков беше таткото на нејзината ќерка Јелена