Горгиевски Александар од Штип е веќе познат хуманитарец, кој несебично помага на социјално слаби категории луѓе, преку новоформираната хунамнитарна организација, но и лично со своите две раце, учествува во изградба и реконструкција на нивните домови.
Тој е поранешен пожарникар и по престојот во странство и враќањето во Македонија, сака да се врати на старото работно место, но како што вели, нема слух од надлежните.
-Располагам со сите сертификати потребни за професионален пожарникар и многу добро Штипската јавност и граѓаните на Општина Штип знаат како си ги извршував своите работни задачи додека бев дел од таа институција.
Бев пожарникар кој прв се спротистави на Илчо Захариев и се борев за правата на пожарникарите, јавно и транспаренто. Кога сите се плашеа и не смееја да зборуваат, јас сум тој што една година беше по судови и машки се спротистави, рече во една прилика Александар.
Во своето последно обраќање, тој вели:
„2 февруари 2015 поплави Штипско Ново Село. Јас, прерасподелен од Пожарникар во Курир, во периодот кога се борев за правата на пожарникарите по судови и кога Илчо удри по мене мислејќи ќе ме заплаши.
Драги Штипјани, добро знаете не седев дома, туку облеков униформа и се ставив на располагање на пожарникарите и градот!
Замислете, денес после 6 години, Градоначалникот д-р Сашко Николов не сака ни да ми одговори на барањето за враќање на работно место пожарникар, каде има дефицит од дури 8 пожарникари.
Јавно пишав дека му се нудам и ставам на располагање, додека тие се власт во Република Македонија ќе работам таму без пари и целата моја плата нека ја пренасочат во хуманитарни цели, само да се подмируваат давачките кон државата.
Знаете Штипјани, не сум партиски бот и секогаш сум бил алергичен на партиски поставени функционери.
Да бидам искрен, не сум миленик и на партиски поставениот командир и бивши секретар на СДСМ, Тони Атанасов, кој цел живот си го помина таму, шлепајќи се преку партијата.
Тој стана прв човек во пожарната, а неговата сопругата – директорка во градинка. Се сеќавате ли како велеа “НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР”? Еве, правдата и мирот за нив дојде!
Најтр агично од сѐ е што човеков нема ниту еден ден работен стаж како пожарникар, ама тој е во директна комуникација со Сашко Николов, и со живот тврдам советите идат директно од него околу мое враќање таму.
За крај да ти се обратам Градоначалниче Сашко и еден совет да ти дадам докторе, колку сакаш блокирај ме да не можам да ти коментирам на објавите ќе најдам начин јас да ти се обратам јавно, не грижи се .
Срамот, ароганцијата и самобендисаноста се твои, не мои и ќе ти се удрат од глава верувај ми! Ова му го кажав на Илчо, еве и тебе ти го пишам.
Добро е народот да види дали е ова општество за сите и колку држи твојата изјава пред изборите “Јас ќе бидам градоначалник на сите граѓани”. Еве колку си Саше! Александар Горгиевски