Адријана Алачки: Од 4 години меси леб, прави чорба за целото семејство, слатки (ФОТО)

0

Познатата пејачка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ е горда на своите успеси, приватни и професионални.

Адријана Алачки е горда мајка на две деца, Грациела и Благоја и баба на Јана. Алачки неодамна се потсети на своите упокоени родители со емотивен статус:

Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е ,,ЧОВЕК”…

Ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост….

Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила…

Сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше.

Старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте…и немав доволно време за Вас..

Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде стра -шно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се…

Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почи -вајте во мир!“, напиша Адријана.

Познато е дека таа со гордост ги објавува сите новини врзани за нејзината емисија Вкусот на традицијата.

Од неодамна друштво ѝ прават нејзините колешки од фолк сцената кои готват со неа.

Досега, во кујната на Адрријана беа Бади Бекир, Ирена Спасовска, Ани Малинкова, Вики Среброва…

Алачки на Фејсбук откри нов готвачки талент, а тоа е малата Анабела, за која рече дека иако е многу мала, знае да зготви многу вкусни јадења.

Таа објави слики со Анабела и напиша:

-Ова девојче Анабела Богдановска е македонското генијалче, готвачка со ,,тапија”.
Од 4 години меси леб, прави чорба за целото семејство, слатки….

Готвачка родена , ѕвездата е родена… Лепчето на Анабела“, напиша Адријана.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаНајпознатата Ју пејачка со години го криеше вистинското име, еве како се вика
Следна статијаМе пратија моите кај тетка ми у Швајцарија за да се извлечам од „роба”, се дозаглавив тука уште повеќе