Еј ало, освестете се сите по ред – статус кој точно ја отсликува нашата реалност

0

Повеќе од една година, Македонија и целиот свет ги трпат последиците од кризата која ја предизвика пандемијата со вирусот.

Многу луѓе засекогаш си заминаа, многу луѓе останаа без работа, без егзистенција.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со д-р Вера Стоиљковиќ, директор на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „ТОРЛАК“ од Република Србија.

Институтот е најстара институција од овој тип во светот со традиција и искуство подолго од 80 години и се занимава во производство на вакцини, серуми и други имунобилошки и дијагностички препарати, соопшти Министерството за здравство.

Благодарност до д-р Стоиљковиќ што брзо се одѕва на мојата покана и со нејзиниот тим денеска ме посети во Скопје.

„ТОРЛАК“ е единствениот институт во регионот кој набрзо ќе започне со производство на вакцини против Ковид-19, истакна Филипче.

Нена Гиевска, од маркетинг агенцијата „Навигаторс“ на својот Фејсбук профил отворено напиша за нашето секојдневие:

– Еј ало, освестете се сите по ред! Оваа ч-ума што не обзема година дена ги зема најблиските, оние кои ни се дел од нашиот живот, оние кои не створиле, кои ни дале можност да почуствуваме што значи да си сам одговорен за се’!

Од каде потребата да бидете надвор, да седите по кафичи, кафани, да си го ставите животот на hold од она што е реалност, а пред се да знаете дека го пренесувате овој вирус кој во моментов ко-си?

Сите ние имаме нужна потреба од социјализација, дружба, намирици, од основни потреби за храна, хигиена, зар мислите ако шетате позитивни дека сте ја завршиле сета работа, а меѓу другото на некому копате гро-б?

Вакцините каде се? До кога ќе чекаме сите, да се спасиме од ова луд-ило што зе-ма животи?

Па дали сте нормални, не можете да се договорите дали вакцините се за над 70, над 75 или над 77 години, па хронични бол ни итн? ОДВТ-РАТ!

Да ве видам кога ќе дојдете на исто де-реџе, кога некој ќе се бори за живот земајќи кислодорна поддршка или не дај Боже да го стават на респиратор.

Само еден момент кој што е наменет за сите власти, сегашни, идни. Немој да мислите дека сте Богови, и вас ќе ве допре, кад – тад!

Ние ќе се дочуваме, како знаеме и умееме, на сопствен начин од искуство или од пренесено искуство, без совет од лекарите затоа што и тие не знаат каде да фатат попрво!

Како ли е само кога ќе допре таму каде што имате најголем страв и каде што највеќе боли!

Сега ми е јасно зошто некои едноставно си заминаа од овде!“, напиша Гиевска.

Фото: Freepic, Фејсбук принстскрин

Претходна статијаПочнува ли Бугарија да „раскрстува“ со Македонците со Бугарски пасоши?
Следна статијаВтората е за уживање, бидејќи првата пере гаќи и чорапи, готви, раѓа и одгледува деца